Битка кај Битлис — битка помеѓу Отоманското Царство и Руското Царство во текот на Првата светска војна.

Битката кај Битлис се одвила во периодот од јули 1915 до август 1916 година. Битката завршила со зазимање на градот Битлис од страна на Руската Империја. Првиот напад на руската армија се случил во јули 1915 година кој завршил со неуспех. Вториот напад се случил во февруари 1916 година како претпоследен обид на руската армија преку градот да навлезе кон Анадолија и Месопотамија. По овој напад на чело на османлиската армија застанал Мустафа Кемал чија задача била да го одбрани регионот. Но Османлиите биле бргу поразени кон почетокот на 9 август и целиот регион паднал под руска и ерменска контрола.

Категорија:Судири во 1915 година Категорија:Судири во 1916 година Категорија:Историја на Битлис Категорија:Битки во Кавкаскиот поход Категорија:Битки на Отоманското Царство во Првата светска војна Категорија:Битки на Руската Империја во Првата светска војна