Тумор на мочниот меур претставува заболување на мочниот меур.

Симптоми Еден од првите симптоми е крвава урина, без присуство на болка, а други симптоми може да бидат: почесто мокрење, тешкотии во мокрењето, болка во предниот дел на мочниот меур итн.

Дијагноза За рано откривање на болеста најчесто се применуваат следниве дијагностички постапки: интравенозна урографија, ЦТ-урографија, ултрасонографски преглед, цитолошки преглед на урината, и унинарни молекуларни маркер-тестови. Најголемо значење има цитоскопијата со која се откриваат изгледот на туморот, неговата големина и положба, бројот на тумори итн.Даниел Петровски, “Тумор на мочниот меур”, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 82.

Хируршки и постхируршки третман Туморот на мочниот меур вообичаено се отстранува ендоскопски, а ако се работи за инфилтративен тумор, кој го зафатил и мускулот, тогаш се зема примерок од туморот и се носи на хистолошка верификација. Натамошниот третман зависи од резултатите од хистолошкиот наод. Ако станува збор за површински тумор на мочниот меур, може да се пристапи кон дополнителна интравезикална имунотерапија. Ако туморот е инфилтративен, тогаш се пристапува кон една од најсложените уролошки операции - целосно отстранување на мочниот меур (радикална цистектомија), при што, се прави отвор на предниот абдоминален ѕид преку кој се насочува исфрлањето на урината или пак се оформува нов мочен меур од одредени делови на тенкото црево. Ако се зафатени и лимфните жлезди се пристапува кон дополнителна хемотерапија, т.е. болниот се третира со цитостатици. Прогноза Кај инвазивните карциноми на мочниот меур, стапката на петгодишното преживување изнесува 66%, а стапката на десегодишното преживување се движи од 43% до 60%. Доколку туморот метастазирал и ги зафатил лимфните жлезди, стапката на десегодишното преживување се намалува на 20-27%.

Наводи

Категорија:Медицина Категорија:Хирургија Категорија:Урологија Категорија:Тумори