Панде Стевов Јовчевски - Кајзеро ( во — во ― македонски партизан, комунист и учесник во НОВ.
Животопис Потекнува од земјоделска фамилија, а и самиот бил земјоделец. Прогресивното движење што го имало опфатено селото Лавци не го заобиколило и младиот Панде. Тој бил опфатен во воспитна група и доста рано ја помагал НОВ. На 25 ноември 1942 година и самиот се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Прво бил во партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа во одредот „Јане Сандански“. На 13 јуни 1943 година бил примен за член на КПЈ.Панде Ташкоски, „Доследни на заветот“, „Наша книга“, Скопје, 1990, 20 стр.
Набрзо потоа, на 22 јуни 1943 година селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција. Панде Кајзеро, заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред, но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот. Во триесетминутната битка,Александар Литовски, „Споменици и спомен-обележја во Битола и Битолско“, Завод и Музеј Битола, Битола, 2012, 54 стр. успеал да ликвидира 13 или 14 бугарски полицајци и војници. Откако му завршила муницијата, со последната бомба се самоубил.Панде Ташкоски, „Доследни на заветот“, „Наша книга“, Скопје, 1990, 50-59 стр.
Неговата смрт е прикажана во филмот „Македонски дел од пеколот“, а неговата смрт и смртта на Тошо Даскалот е опеана во песната „Над село Лавци Битолско“.
Наводи
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна