Во Кулушиќ во живо! (хрватски: U Kulušiću Live!) е мини-албум на југословенската и хрватската рок-група “Филм” (Film), снимен во 1981 година. Технички одлики Албумот е издаден од дискографската куќа “Југотон” (Jugoton), под ознаката LSY-61575. Тој претставува снимка од концертот на Филм во клубот “Кулушиќ” (Kulušić) во Загреб, одржан на 11 февруари 1981 година. Продуцент на албумот бил Пико Станчиќ (Piko Stančić), а музички уредник бил Синиша Шкарица (Siniša Škarica). Плочата е снимена со тонската кола на РТЗ, на 24-канална техника, а сниматели биле Хрвое Хегедушиќ (Hrvoje Hegedušić) и Младен Шкалец (Mladen Škalec). Миксувањето го извршиле Младен Шкалец и Пико Станчиќ, концертниот микс го направил Ненад Ж. Комад (Nenad Ž. Komad), а техничар бил Стјепан Ф. Траволта (Stjepan F. Travolta). Дизајнот на албумот е дело на Иван Станчиќ (Ivan Stančić), при што, на предната и задната корица на плочата се ставени фотографии од концертниот настап на групата, дело на С. Кнафлец (S. Knaflec) и на П. Радовиќ (P. Radović).Film, U Kulušiću Live!, Jugoton, LSY-61575, 1981.
На плочата свиреле следниве музичари: Max Wilson - гитара и вокал Ude Barracude - бас и вокал Kuzma Videosex - саксофон Piko Del Bimbo - тапани Jura Jupiter - вокал Nicolo Santro Esmeraldo - тромбон (гостин на плочата).
Содржина Плочата започнува со претставување на групата (на француски јазик), а потоа следуваат пет песни (две на првата и три на втората страна на плочата). Вкупното траење на плочата изнесува 16 минути и 20 секунди. На плочата се наоѓаат следниве снимки:
Страна 1: Introduction par Dr. Vrdoljak (0:40) Neprilagođen (3:40) Moderna djevojka (2:55)
Страна 2: Zamisli život u ritmu muzike za ples (3:25) Kad si mlad (2:50) Zajedno (2:50)
Наводи
Категорија:Рок албуми од 1981 Категорија:Албуми на Филм Категорија:Југословенски рок Категорија:Хрватски рок Категорија:Албуми на Југотон