Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази — збирка куси раскази од македонската писателка Жанета Станоевска, објавена во 2011 година, во издание на издавачката куќа „Темплум“.
Технички одлики Збирката е објавена како десетта книга во едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 103 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-05-4. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На кориците се наоѓаат слики на Дани Санчис, а на задната корица се дадени основни биографски податоци за авторот.Жанета Станоевска, Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази, Темплум, Скопје, 2011.
Содржина
Книгата „Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази“ содржи 18 раскази:
Сладолед, Ата, Мирисот на липите, Визба, Пријатели, Allegoreo, Рипчиња од злато, Синото костумче, Стаклената птица, Жената на ноќта, Слатката камелија на младоста, Радмила, Последниот сон, Ѓавол во прав, Сендвич со плескавица, Кажи ѝ на реката, Суво цвеќе, Три соништа и едно јаве.
Наводи
Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Дела на Жанета Станоевска