Преобразба и други раскази — збирка раскази на Франц Кафка, објавена во 2007 година, во издание на „Темплум“, како 59 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од германски јазик е дело на Бисера Анастасовска и Марија Костоска. Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 313 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-09-8. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. Автор на предната корица е Ѓорѓе Јовановиќ, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“. Издавањето на книгата било финансирано од Министерството за култура.Франц Кафка, Преобразба и други раскази, Темплум, Скопје, 2007.

Содржина Збирката „Преобразба и други раскази“ содржи 26 раскази, преземени од книгата „Раскази и друга избрана проза“ (Die Erzählungen und andere ausgewählte Prosa) од 1982 година во издание на S. Fischer Verlag од Франкфурт на Мајна. На крајот од книгата е дадена биографија на авторот и осврт врз неговото творештво. Во збирката се застапени следниве раскази: Преобразба Одбивање Пресуда Новиот адвокат Сосед Во колонијата на казнетите На господата јавачи, за размислување Желба да се стане Индијанец Излет во планина Несреќата на стариот ерген Селскиот лекар Најблиското село На изградбата на Кинескиот ѕид Мелез Грижата на домаќинот Мала басна Извештај до една академија Одбивање на молбата Заедница Посејдон Јастреб Прометеј Првата болка Уметник во гладување Откажи се! Дувло

Наводи

Категорија:Германски книги Категорија:Дела на Франц Кафка Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Франц Кафка