Глинде () — град во округот Штормарн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во северна Германија. Градот се наоѓа околу 20 километри источно од Хамбург.

Историја

Името Глинде било првпат споменато во документ од 25 март 1229 година. Во документот, грофот Адолф IV на Шауенбург и Холштајн го доделил селото на цистерцијанскиот манастир (манастирот подоцна бил преместен во денешниот град Рајнбек). Кралот на Данска и војвода на Шлезвиг, Фредерик I го одзел поседот од манастирот во текот на реформацијата. Во 1544 година, неговиот син Кристијан III го поделил со неговите браќа.

Во 1948 година, Глинде, Остштајнбек, Хафигхорст и Шенингштет биле здружени во општинската заедница Глинде. Откако Шенингштет, а подоцна и Хафигхорст (1949) ја напуштиле општинската заедница, Глинде и Остштајнбек станале слободни општини во 1978 година.

На 24 јуни 1979 година (750-годишнината на селото), Глинде добило градски права.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Штормарн