Пролетната песна на жабите — збирка раскази од канадската писателка Маргарет Етвуд (Margaret Atwood), објавена во 2005 година во издание на „Темплум“, како 36 книга во рамките на едицијата Магма. Преводот од англиски јазик е дело на Владимир Јанковски. Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 149 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-67-4. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Жилиен Пако (Julien Pacaud), додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“. Издавањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.Маргарет Етвуд, Пролетната песна на жабите, Темплум, Скопје, 2005. Содржина Збирката „Пролетната песна на жабите“ содржи пет раскази, преземени од збирката на Етвуд: „Јајцето на Синобрадиот“ (Bluebeard’s egg), а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази: Изгрејсонце Пролетната песна на жабите Јајцето на Синобрадиот Јадач на грев Скарлетен ибис
Наводи
Категорија:Канадска литература Категорија:Канадски писатели Категорија:Дела на Маргарет Етвуд Категорија:Изданија на Темплум