Блекторн (англиски: Blackthorn) е филм од 2011 година, во режија на Матео Гил. Главните улоги ги толкуваат: Сем Шепард, Едуардо Нориега и Стивен Реј. Филмот „Блекторн“ освоил повеќе награди, меѓу кои и „ГОЈА“ во 2012 година, во категориите за најдобар снимател, најдобри костими и продукциски дизајн, како и наградата на Здружението на шпанските филмски критичари.„Патување што се претвора во авантура“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 3.. Содржина Буч Кесиди, под името Џејмс Блекторн (го глуми Шепард) живее мирен живот во едно зафрлено село во Боливија. Пред да умре, тој сака да си го види семејството и затоа тргнува на пат за дома. Меѓутоа, средбата со еден амбициозен и млад криминалец му ги менува плановите и тој започнува авантура како во деновите кога работел заедно со Санденс Кид.Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 27. „Блекторн“, Антена, број 873, 20.3.2015, стр. 17. Наводи
Категорија:Филмови од 2011 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови со Сем Шепард