Источен Холштајн () — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од југозапад надесно) окрузите Штормарн, Зегеберг и Плен, Балтичкото Море и слободниот град Либек.
Историја
Округот бил основан во 1970 година со спојување на поранешните окрузи Ојтин и Олденбург во Холштајн. Овие поранешни окрузи имале различна историја.
Округот Ојтин произлегол од кнежевството, а подоцна Регион Либек, кое пак произлегло од секуларизираната кнежевска епископија Либек. Во 1803 година станало енклава на Војводството Олденбург (кое нема никаква врска со холштајнскиот град Олденбург). Во 1937 година бил предаден на Прусија како округ Ојтин во рамките на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн.
Регионот Олденбург бил дел од Војводството Холштајн. Во 1864 година, Холштајн станал дел од Прусија, по што наскоро бил создаден округот Олденбург во Холштајн.
Географија
Округот се состои од полуостровот Вагрија, полуостров помеѓу Либечкиот и Килскиот Залив, островот Фемарн, источниот дел на областа наречена Холштајнска Швајцарија и северните предградија на Либек.
Холштајнска Швајцарија е област со бројни езера и пошумени ридови, која е поделена со соседниот округ Плен. Бунгсберг, иако со само 168 метри н.в., е највисоката точка во Шлезвиг-Холштајн. Островот Фемарн е третиот најголем остров во Германија. Од 1963 година е поврзан за копното со висечки мост.
Грб
130п|ГрбГрбот прикажува: крст од грбот на Епископијата Либек; оваа епископија постоела до 1535 година и поседувала големи поседи во областа кула од грбот на градот Олденбург
Градови и општини
Слободни градовиСлободни општини Бад Швартау Ојтин Фемарн Хајлигенхафен Нојштат во Холштајн Олденбург во Холштајн Аренсбек Даме Гремиц Грубе Келенхузен Маленте Ратекау Шарбојц Штокелсдорф Зизел Тимендорфер Штранд Општински заедници1. Големо Пленско Езеро[седиште: Плен] (другите 11 општини на општинската заедница припаѓаат на округот Плен) Бозау 2. Лензан Бешендорф Дамлос Хармсдорф Кабелхорст Лензан1 Манхаген Рипсдорф3. Олденбург-Ланд[седиште: Олденбург во Холштајн] Гел Гремерсдорф Гросенброде Херингсдорф Нојкирхен Вангелс 4. Источен Холштајн-Центар Алтенкремпе Каседорф Шасхаген Шенвалде на Бунгсберг1 Зирксдорф1седиште на општинската заедница
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Информации за културата и пејзажот на Источен Холштајн