Љубен Димкароски (, - Прилеп, ), — македонско-словенечки академски музичар, поет и сликар.
Животопис Љубен Димкароски е роден во Прилеп.
Музичко творештво Димкароски е член е на Операта и балетот при „Словенско народно гледалишче“ од Љубљана. Како трубач, настапувал со повеќе симфониски и камерни оркестри и камерни групи, во придружба на пијано и оргули. Исто така, тој свири и на неандерталско свирче (копија на експонат направен од бутна коска на пештерска мечка со две-три дупчиња). Веќе 20 години се занимава и со хорско диригирање. Во областа на народната музика, тој најпрвин го оновал оркестарот „Струна“, кој постоел седум години и издал два албума: „Ритамот и звуците на Македонија“ и „Јасно сонце“. Во 2004 година, во Љубљана го формирал вокалниот квартет „Пела“, кој негува стари народни македонски и словенечки песни. Тој е иницијатор на прилепскиот фестивал „Маркукуле“.„И од Љубљана се шири македонската песна во светот“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 28.
Поетско творештво Димкароски е автор на збирките поезија: „Македониум“, „Чекор поблиску“ и „Пела и Македонија“. Исто така, тој е и автор на стихозбирка со 150 македонски бисери.
Сликарско творештво Димкароски се занимавали со сликарство. Тој собирал камчиња од разни места и ги обработувал во различни форми при што изработил над 200 такви уметнички минијатури. Димкароски имал одржано над 40 самостојни изложби со своите слики и минијатури.
Награди и признанија Димкароски е добитник на повеќе награди, меѓу кои и втората награда како трубач-солист на меѓународниот натпревар во Анкона, одржан во 1979 година, како и Југословенската награда за млади музичари, во Загреб, во 1979 година. Во 2006 година, градот Прилеп го наградил за животен придонес во културата.
Наводи
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски музичари Категорија:Словенечки музичари Категорија:Македонски сликари Категорија:Словенечки сликари Категорија:Македонски поети Категорија:Македонци во Словенија