Евгениј Поп Ацев (роден на ) ― македонски маратонски пливач. Поп Ацев е трикратен светски првак во маратонско пливање за 2015, 2017 и 2019 година.
Животопис Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година и по професија е доктор по стоматологија.
Спортска кариера Во сезоната 2013, Поп Ацев бил второпласиран на конечната табела на гран-при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, при што за еден бод заостанал зад победникот, Дамјан Блаум од Аргентина.„Стефановски: Со победа во Охрид светскиот врв е мој“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 23.2013 Men's Overall Ranking
Во сезоната 2014, повторно е второпласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА, овој пат второто место го делел со другиот македонски маратонец, Томи Стефановски.2014 Men's Overall Ranking
Во февруари 2015 година, на првата трка од гран-при серијата на пливачки маратони на ФИНА, која се одржала на реката Парана (25 км) во Аргентина, Поп Ацев го освоил четвртото место, со време од 2:11:50, заостанувајќи зад третопласираниот за само една секунда.„Поп Ацев за една секунда не се качи на подиумот во Аргентина“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 23.
На 29 Охридски маратон (2015 година), Евгениј станува првиот Македонец победник на Охридскиот маратон.Поп Ацев победник на 29 Охридски маратон
Оваа сезона Поп Ацев ја заокружува со својот најголем и најголемиот успех на македонското маратонско пливање со освојување на првото место во гран-при серијата на пливачки маратони на ФИНА.
Во сезоната 2016, со освојувањето на првото место на последната трка во Капри, Поп Ацев е третопласиран во гран при серијата најдолги светски маратони на ФИНА.Поп Ацев победник во Капри, Стефановски ја дели шампионската титула
Во 2019 година на Охридскиот пливачки маратон, Поп Ацев го освоил второто место.
Во 2022 година на Охридскиот пливачки маратон, Поп Ацев го освоил третото место
Награди Наведените успеси го доведуваат Поп Ацев да биде прогласен за спортист на годината на Македонија за 2015 година.ПОП АЦЕВ МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА
Добитник е на наградата „Личност на годината“ за 2015 година на дневниот весник Нова Македонија.
Поврзано Охридски пливачки маратон Атина Бојаџи Дики Бојаџи Томи Стефановски
Наводи
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски пливачи