Наско Џорлев (1932 - 2006) — македонски музичар, водач на оркестар, продуцент, композитор на новосоздадени фолклорни песни и аранжер на македонски народни песни. Бил внук на националниот деец Христо Џорлев од Кукуш, соработник на Гоце Делчев, а татко на истакнатиот музичар Зоран Џорлев.
Творештво Песни Наско Џорлев компонирал и аранжирал голем број песни, кои ги исполнувале разни пејачи и групи: Цел ден стоиш несте на чардакот (заедно со Кирил Мицковски)Kiril Mickovski, Cel den stoiš neste na čardakot, Šumadija, EP-6016 Кога стигнав во туѓина (заедно со Кирил Мицковски) Дебарца песна запеа (заедно со Кирил Мицковски) В туѓина е мојто чедо мило Стално на неа јас мислам Гина убавица Лулјела е Јана Ој, природо вечна убавицеПетринка Костадинова, Ој природо вечна убавице, Diskos, NDK - 5137. Еден ми беше што ме љубеше В туѓина сум сама јасVioleta Miteva, V tugina sum sama jas, Jugoton, EPY-44507, 1972 Земи оган запали ме Рането срце (со М. Ангеловски) Убава си горо сестро Ти не знаеш момче (со Трајче Велјановски) Зашто не дојде ти (со Трајче Велјановски) Македонијо лична невесто
Плочи Песните на Наско Џорлев се застапени на повеќе плочи, како: Кирил Мицковски, Цел ден стоиш Несте на чардакот, Шумадија, EP-6016. Никола Бадев, В тугина е мојто чедо мило, Diskos, ЕДК - 5456. Петринка Костадинова, Ој природо вечна убавице, Diskos, NDK - 5137. Биолета Митева, В туѓина сум сама јас, Југотон, EPY-44507, 1972. Грозда Стоева, Дискос, NDK 5482 Никола Кармзов, Црна се чума зададе, Југотон, SY-22026, 1972 Живко Дуев, Отвори мајко, отвори, Дискос, NDK-5392.
Наводи
Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски композитори на народна музика Категорија:Македонски продуценти Категорија:Луѓе од Струмица Категорија:Луѓе со потекло од Кукуш