200px|мини|Портртет од Џовани Доменико Маралди Џовани Доменико Маралди () или Жан-Доминик Маралди (; 17 април 1709 – 14 ноември 1788) — италијанско-француски астроном, внук братанец на астрономот Џакомо Филипо Маралди.
Роден е во Периналдо, Лигурија и се преселил во Париз во 1727 г. Веќе во 1731 г. станал член на Француската академија на науките. Во 1746 г. ја набљудувал Шезоовата комета заедно со Жак Касини кога ги открил двете збиени ѕвездени јата M15 (NGC 7078) и M2 (NGC 7089). Во 1772 г. го завршил работниот век и се вратил во родниот град.
Во чест на Џовани и чичко му, Џакомо е наречен месечевиот кратер Маралди.
Поврзано Маралди (кратер) Џакомо Филипо Маралди
Категорија:Француски астрономи Категорија:Италијански астрономи Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Родени во 1709 година Категорија:Починати во 1788 година Категорија:Луѓе од Лигурија