Крушеанска Чука — археолошко наоѓалиште во прилепското село Врбјани. Претставува населба од бакарно време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на еден километар јужно од селото или 2,2 километри северно од селото Крушеани, во местото што се вика Мало Блато покрај старото и новото корито на рекичката Блато, каде има мала тумба.

Опис

На наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови и куќен лепеж. Во 1979 година е извршено ископување. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Попадица — населба од бакарно време; Тумба — населба од доцноантичко време; Чука — населба од римско време; Момироско Чукаре — некропола од железно време; Цветкоско Чукаре — населба од римско време; Чукариња — тумул од железно време; Врба — неопределено наоѓалиште од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Чаир — осамен наод од непознат период; Висои — населба од праисториско и античко време; Вис коњарски — населба од неолитско време; Паралица — населба од праисториско и античко време; Тумба Сретсело — населба од праисториско време; Врбјани; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Врбјани (Прилепско)