„Ноќи со боја на боровница“ (англиски: My Blueberry Nights) — хонгконшко-кинеско-француско-американски филм од 2007 година, во режија на Кар-вај Вонг, кој е автор и на сценариото заедно со Лоренс Блок. Главните улоги ги играат: Нора Џонс, Џуд Ло, Дејвид Стратерн, Натали Портман и Рејчел Вајс. На Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за главната награда „Златна палма“.HRT, Noći boje borovnice, hongkonško-kinesko-francusko-američki film (пристапено на 14.12.2021)
Синопсис Откако ја остава момчето со кое била заедно пет години, Елизабет бара утеха во слатките во блиското бифе. Таа решава да патува низ САД, а патем се задржува на неколку места каде работи како келнерка. За време на своето патување, таа среќава бројни интересни личности, како: полицаец-алкохоличар, неговата неверна жена, коцкар кој има долгови итн...Антена, број 845, 5.9.2014, стр. 27.
Наводи
Категорија:Хонгконшки филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Кинески филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Кар-вај Вонг Категорија:Филмови со Нора Џонс Категорија:Филмови со Рејчел Вајс Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови со Џуд Ло Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД