мини|Глорија Стајнем (десно) и Алис Вокер во 2009 година Глорија Мари Стајнем (25|март|1934 - ) — американска феминистка, новинарка, и општествена и политичка активистка која стана национално призната како водач и медиумска портпаролка на женското движење за ослободување во 1960-тите и 1970-тите години. Како познатата писателка и политичка фигура од ерата на контракултурата, Стајнем има основано многу организации и проекти и е добитничка на многу награди и признанија. Таа беше колумнист во списанието Њујорк и соосновач на списанието Мис.
Во 2005 година, Стајнем работела заедно со Џејн Фонда и Робин Морган за да го ко-основат Женскиот Медиа Центар, организација што ги шири гласовите на жените во медиумите преку обука за водство, и со создавање на оригинални содржини. Стајнем во моментов работи на одборот на организацијата. Таа продолжува да учествува во политиката и медиумите како водачка, коментаторка, писателка и предавачка. Таа ги продолжува нејзините напори како организаторка, кампањира за кандидати и пишува книги и статии.
Ран живот Стајнем е родена во Толедо, Охајо, на 25 март 1934 година. Нејзината мајка, Рут (моминско име - Нунвилер), беше презвитерианец од шкотско и германско потекло, и нејзиниот татко, Лео Стајнем, беше син на еврејски доселеници од Германија и Полска.Gloria Steinem, Jewish Women's Archive. Retrieved 2010-06-01 Стајнемовите живееле и патувале во приколка.
Пред Стајнем да биде родена, нејзината мајка Рут, тогаш на возраст од 34, имала "нервен слом", кој ја остави заробена во лажливи фантазии, кои повремено станувале насилни. Таа се сменила "од енергична, забаво-љубива, книго-љубива" жена во "некој кој се плашеше да биде сам, кој не можеше да се задржи за реалноста доволно долго за да одржи работа, и кој ретко можеше да се концентрира доволно за да прочита книга". Рут помина долги периоди во и надвор од санаториуми за ментално болните. Стајнем беше десет години, кога нејзините родители конечно се разделија во 1944 година. Нејзиниот татко отиде во Калифорнија за да најде работа, а таа и нејзината мајка продолжиле да живеат заедно во Толедо.
Иако нејзините родители се развеле како резултат на болеста на мајка си тоа не било резултат на шовинизмот на татко и на Стајнем и таа тврди дека таа "разбра и никогаш не го обвини него за распадот".Marcello, Patricia. Gloria Steinem: A Biography. Westport, CT: Greenwood Press, 2004. p. 20. Сепак, влијанието на овие настани имале формативен ефект врз нејзината личност: додека нејзиниот татко, трговски патник, никогаш не придонел многу за финансиската стабилност на семејството, неговиот излез ја влоши нивната ситуација. Стајнем ја толкувала неможноста на мајка си да се одржи на работа како доказ за општото непријателство кон вработените жени.Marcello, Patricia. Gloria Steinem: A Biography. Westport, CT: Greenwood Press, 2004. Таа, исто така ја толкувала општата апатија на лекарите кон нејзината мајка како слична омраза кон жените. Неколку години подоцна, Стајнем ги опиша искуствата на нејзината мајка како клучни за нејзиното разбирање на општествените неправди. Овие перспективи ја убедиле Стајнем дека жените немале општествената и политичка еднаквост.
Кариера како новинарка Уредникот на Esquire магазинот, Клеј Фелкер и ја даде на Стајнем она што таа подоцна ја нарече првата "сериозна задача", во врска со контрацепцијата. Статијата од 1962 година во врска со начинот на кој жените се принудени да избираат помеѓу кариерата и бракот претходила на книгата на Бети Фридан, Женската Мистика, една година.
Во 1963 година, додека работела на една статија за списанието на Хантингтон Хартфорд - Шоу, Стајнем била вработена како Плејбој Бани во Њујорк Плејбој клубот. Статијата вклучувала слика од Стајнем во Бани униформа и детали за третманот на жените во клубовите. Веста беше објавена во 1963 година како "Приказна на Бани".Published in two parts, Part I and Part II Стајнем остана на ставот дека таа е горда за работата што таа ја објави за експлоатационите услови кои се дел од нивната работа, а особено сексуалните барањата, кои биле на работ на законот. Меѓутоа, за краток период откако написот бил објавен, Стајнем не можела да добие друга работа. Во нејзините зборови, ова беше "бидејќи сега стана Бани - и не беше важно зошто."
Во 1972 година, таа го ко-основа феминистичко-тематското списание Мис кое започна како специјално издание на Њујорк.
Соработка со ЦИА Во мај 1975 г. радикалната феминистичка група Редстокингс објавила извештај според кој Стајнем тесно соработувала со ЦИА, односно со Независниот Истражувачки Центар. Стајнем во свои интервјуа за „Вашингтон Пост“ и „Њујорк Тајмс“ дадени во 1950-те и 1960-те ја потврдила информацијата дека работела за оваа фондација спонзорирана од ЦИА, а во 1975-та објавила дека ја завршила својата соработка. Според декласифицираните информации потврдено е дека Стајнем била шеф на Независниот Истражувачки Центар.
Феминистички ставови Социјалните и политички ставови на Стајнем се преклопуваат во повеќе видови на феминизмот. Овој проблем е главно поради еволуцијата на нејзините ставови во текот на пет децении на активизам. Иако најчесто е сметана за либерална феминистка, Стајнем постојано самата се одликува како радикална феминистка. Уште поважно, таа ја смета категоризацијата во рамките на феминизмот како "неконструктивна за одредени проблеми". "Јас сум била вклучена во секоја категорија. Па тоа го прави потешко за мене да ги земам поделбите со голема сериозност". Сепак, Стајнем држи континуирани ставови.
Абортус Стајнем е голем поддржувач на репродуктивната слобода, термин што таа самата го измисли и го промовира. Во 1969 година, таа во магазинот Њујорк напиша за протестите за абортус. Стајнем имала абортус во Лондон на возраст од 22. Таа почувствувала она што го нарекла "голем клик" за време на протестите, и подоцна рекла дека "мојот живот како активна феминистка" не започнал сè до тој ден. Таа рекла дека:
"Абортусот требало да не направи лоша личност. Но, морам да кажам, никогаш не сум го почувствувала тоа. Јас седев и се обидував да дознаам колку години детето би било, се обидував да се чувствувам виновна. Но никогаш не можев! Мислам дека човекот кој рече: "Душо, ако мажите би можеле да забременат, абортусот би бил сакрамент" беше во право. Говорејќи за себе, јас знаев дека тоа беше првпат што ја преземав одговорноста за својот живот. Не ќе дозволив работи да ми се случуваат на мене. Јас ќе го насочувам својот живот, и поради тоа се чувствував позитивно. Но, сепак, јас не кажав на никого. Затоа што знаев дека таму не беше [позитивно]".
Во 2005 година, Стајнем беше во документарниот филм Имав абортус направен од Џенифер Баумгарднер и Џилијан Олдрич. Во филмот, Стајнем го опиша абортусот која го имала како една млада жена во Лондон, каде што живеела кратко пред да студира во Индија. Во документарецот Мој Феминизам, Стајнем го карактеризира нејзиниот абортус како "клучно и конструктивно искуство."
Порнографија Заедно со Сузан Браунмилер и Кетрин Мекинон, Стајнем е страстна критичарка на порнографијата, која таа ја разликува од еротиката: "Еротиката е различна од порнографија како што љубовта е од силувањето, како достоинството е од понижувањето, како партнерството е од ропството, како задоволството е од болка." Аргументот на Стајнем е за разликата меѓу реципроцитетот наспроти доминацијата. Таа пишува: "Очигледна или суптилна, порнографијата не вклучува еднаква моќ или заемност. Всушност, голем дел од тензијата и драмата доаѓа од јасната идеја дека едното лице доминира врз другото."Erotica and Pornography: A Clear and Present Difference. Ms. November 1978, p. 53. & Pornography—Not Sex but the Obscene Use of Power. Ms. August 1977, p. 43.
Генитална мутилација Во 1979 година, Стајнем напиша напис за женската генитална мутилација, кој ја донесе појавата во свеста на американската јавност; статијата е наречена Меѓународниот криминал на женска генитална мутилација, и беше објавена во март 1979 во издание на списанието Мис."The International Crime of Female Genital Mutilation." Ms., March 1979, p. 65. Статијата известува за "75 милиони жени кои страдаат од резултатите на генитална мутилација." Според Стајнем "вистинските причини за мутилацијата на гениталиите можат да се разберат само во контекст на патријархатот: мажите мораат да ги контролираат женските тела како средства за производство, а со тоа ја потиснуваат независната моќ на женската сексуалност." Статијата на Стајнем ги содржи основните аргументи кои подоцна ќе бидат развиени од страна на филозофката Марта Нусбаум.Nussbaum, Martha C. Sex & Social Justice. New York: Oxford University Press, 1999. pp. 118–129.
Феминистичка теорија Стајнем повеќепати го изрази своето негодување од мракобесието и апстракциите кои некои тврдат дека се распространети во феминистичките академски теоризирања. Таа рече: "Никому не му е гајле за феминистичкото академско пишување. Тоа е кариеризам. Овие кутри жени во академските институции треба да зборуваат на овој глупав јазик, кој никој не може да го разбере со цел да бидат прифатени..." Стајнем подоцна ги издвои деконструкционистите како Џудит Батлер за критика: "отсекогаш сум сакала да ставам знак на патот кон Јеил велејќи: "Пазете се: Деконструкција напред". Академците се принудени да пишуваат на јазик кој никој не може да го разбере за да добијат мандат. Тие мораат да кажат "дискурс" а не "разговор". Знаењето што не е достапно не е од корист."
Транссексуализам Стајнем напиша, "Во најмала рака, тоа беше диверзија од проблемите за половата нееднаквост" и дека во многу случаи, транссексуалците "хируршки ги мутилираат своите тела", со цел да се приспособат на родова улога која незапирливо е сврзана за физички делови од телото. Таа заклучува дека "феминистките се во право да се чувствуваат непријатно за потребата и користите на транссексуализмот." Написот го завршува со што стана еден од најпознатите нејзини цитати: "Ако чевлата не се вклопува, мора ли да се промени ногата?" Иако е јасно дека е во контекст на транссексуализмот, цитатот е често погрешен за општа изјава за феминизмот.
Наводи
Надворешни врски
Profile на Feminist.com
Gloria Steinem Video produced by Makers: Women Who Make America (affiliated with Women Make Movies) Gloria Steinem Papers at the Sophia Smith Collection
Категорија:Феминистки Категорија:Американски социјалисти Категорија:Американски новинари Категорија:Еврејски социјалисти Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата