мини|десно|Првиот носител на обединетиот часовен рекорд на UCI, Јенс Фогт при неговиот успешен обид на 18 септември 2014 година за рушење на рекордот

Часовен рекорд — велосипедски рекорд за најдолго извозено растојание во еден час на велосипед. Постојат неколку рекорди. Најпознат е оној за велосипеди кои ги исполнуваат условите на Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI). Рекордот е еден од најпрестижните во велосипедизмот. Обидите за часовниот рекорд се вршат на велодром.

Прв забележан рекорд бил во 1876 година, кога Американецот Франк Додс извозел 26,508 километри со старовремски велосипед (со големо предно и мало задно тркало). Во 1972 година, Еди Меркс поставил рекорд од 49,431 километар кој стоел 12 години.

Моменталниот рекорд на UCI бил поставен на 7 јуни 2015 година од страна на британскиот велосипедист Бредли Вигинс со извозени 54,526 километри. Часовниот рекорд кај жените изнесува 46,274 километри и бил поставен на 12 септември 2015 година од Американката Моли Шафер ван Хувелинг.

Историја

Поради аеродинамиката, за часовниот рекорд се употребувала иновативна опрема, но ова довело до дебата во велосипедизмот за тоа дали треба да се прифаќаат само рекорди кои се резултат само на вештината, силата и издржливоста на велосипедистот на вообичаен велосипедист или треба да се прифатат промените во дизајнот на велосипедот.

На 7 јули 1933 година, Франсис Форе поставил рекорд од 45,055 км возејќи на лежечки велосипед, но во 1934 година, UCI ја вратила својата положба и ги одбила овие велосипеди. Ова довело до две нивоа на рекорди. Во едниот се дозволени само вообичаени велосипеди; овој е надгледуван од UCI. Во другото ниво е дозволен секој дизајн и е надгледуван од Меѓународната асоцијација за човечки придвижувани возила.

Часовен рекорд на UCI

Часовниот рекорд е вообичаено постигнуван од друмски велосипедисти кон крајот на нивната кариера. На пример, таков бил случајот со Мигел Индураин (Шпанија), Франческо Мозер (Италија), Крис Бордман (Велика Британија), најнеодамнешниот Јенс Фогт (Германија).

Еди Меркс изјавил дека обидот за часовен рекорд бил „најтешката трка која некогаш сум ја имал“. Го поставил во 1972 година во Мексико на височина од 2.300 метри.

мини|десно|200п|Велосипедот за часовниот рекорд на Еди Меркс од 1972 година

Во јануари 1984 година, Мозер поставил два рекорди, вториот изнесувал 51,151 км. Ова било прво забележано користење на велосипед со дискови, кои обезбедиле поголема аеродинамика.

Во 1993 и 1994 година, Греам Обри, Шкот кој направил свој велосипед, забележал два рекорди додека неговите раце биле под неговите гради. Во 1996 година, Бордман поставил рекорд користејќи друга положба воведена од Обри, неговите раце напред во положба како „Супермен“. Обата биле сметани за контроверзни од страна на UCI, и иако рекордите биле признаени, положбите биле забранети. Обри и Бордман направиле неколку обиди да го претекнат претходниот рекорд.

Со зголемувањето на разликата помеѓу современите велосипеди и она што било достапно во време на рекордот на Меркс, UCI вовела два рекорди: Часовен рекорд на UCI (кој им забранува на натпреварувачите секаква поново опрема од онаа во времето на Меркс, како шлемови за хронометри, дискови на тркалата, аеродинамични рачки и рамки) и Најдобар човечки напор — понекогаш означуван како „апсолутен“ рекорд на UCI.

Сите рекорди од 1972 година, вклучувајќи го оној на Бордман од 56,375 км во 1996 година биле сметани како најдобар човечки напор. Во 2000 година, Бордман се обидел за рекордот на UCI со традиционален велосипед и извозел 49,441 км, надминувајќи го Меркс за 10 метри — подобрување за 0,02%.

Во 2005 година, Онджеј Сосенка го подобрил резултатот на Бордман на 49,700 км користејќи запченик 54х13. Со 2 метри височина, Сосенка користел необична положба на седлото и мала височина на рамката за да биде во рамките на одредбите на UCI.Онджеј Сосенка објавил фотографии од неговиот велосипед и други информации на чешки на неговата страница (http://www.sosenka.cz) Сосенка паднал на допинг-контролата во 2001 година и повторно во 2008 година, што резултирало до суспензија до крајот на кариерата, што го става под сомнение неговиот рекорд.

Промена на обединетото правило

мини|Велосипедот на Јенс Фогт користен при поставување на часовниот рекорд по промената на обединетото правило

Во 2014 година, UCI ги обединила двата пласмани во еден пласман во рамки на одредбите за моменталните велодромски велосипеди. Претходните избришани рекорди на Крис Бордман и Греам Обри ќе бидат вратени, меѓутоа, моменталниот рекорд останал на 49,700 км поставен во 2005 година од Онджеј Сосенка, иако тоа не е најдобриот резултат. Според новите одредби, возачите можат да го користат било кој велосипед одобрен од UCI при обидот за соборување на резултатот. Возачите се обврзани да бидат дел од програмата за биолошки пасош.

По промената на правилото, Германецот Јенс Фогт станал првиот возач кој се обидел да го сруши рекордот, на 18 септември на велодромот Свис во Гренхен, Швајцарија. Поставил нов рекорд од 51,115 км, рушејќи го претходниот рекорд на Сосенка за 1,4 километри. На 30 октомври 2014 година, Матијас Брендле поставил нов рекорд од 51,852 километри во Светскиот велосипедски центар во Егл, Швајцарија.

Развој на часовниот рекорд Часовен рекорд на мажи

Датум Велосипедист Растојание Место 11 мај 1893 35,325 км Париз 31 октомври 1894 38,220 км Париз 30 јули 1897 39,240 км Париз 3 јули 1898 40,781 км Денвер 24 август 1905 41,110 км Париз 20 јуни 1907 41,520 км Париз 22 август 1912 42,122 км Париз 7 август 1913 42,741 км Париз 21 август 1913 43,525 км Париз 20 ноември 1913 43,775 км Париз 18 август 1914 44,247 км Париз 25 август 1933 44,588 км Рурмонд 28 септември 1933 44,777 км Сен Трон 31 октомври 1935 45,090 км Милано 14 октомври 1936 45,325 км Милано 29 септември 1937 45,485 км Милано 3 ноември 1937 45,767 км Милано 7 ноември 1942 45,798 км Милано 29 јуни 1956 46,159 км Милано 19 септември 1956 46,394 км Милано 18 септември 1957 46,923 км Милано 23 септември 1959 47,347 км Милано 30 октомври 1967 48,093 км Рим 10 октомвври 1968 48,653 км Мексико 25 октомври 1972 49,431 km Мексико 27 ноември 2000 49,441 км Манчестер 19 јули 2005 49,700 км Москва 18 септември 2014 51,115 км Гренхен 30 октомври 2014 51,852 км Егл 8 февруари 2015 52,491 км Гренхен 2 мај 2015 52,937 км Манчестер 7 јуни 2015 54,526 км Лондон 16 април 2019 55,089 км Акваскалиентес

Најдобар напор на мажи

Во 2000 година, UCI ги укинал часовните рекорди поставени во периодот 1984-1996, бидејќи се користеле аеродинамични специјални тркала и различни положби на седење, кои не биле во согласност со новите одредби.

Датум Возач Растојание Велодром 19 јануари 1984

50,808 км Мексико 23 јануари 1984

51,151 км Мексико 17 јули 1993

51,596 км Хамар 23 јули 1993

52,270 км Бордо 27 април 1994

52,713 км Бордо 2 септември 1994

53,040 км Бордо 22 октомври 1994

53,832 км Бордо 5 ноември 1994

55,291 км Бордо 7 септември 1996

56,375 км Манчестер

Часовни рекорди на жени

Датум Возачка Растојание Велодром 7 јули 1955

38,473 км Иркутск 18 септември 1957

38,569 км Милано 25 септември 1958

39,718 км Милано 9 ноември 1958

41,347 км Милано 25 ноември 1972

41,471 км Мексико 16 септември 1978

43,082 км Минхен 18 октомври 2000

43,501 км Мелбурн 5 ноември 2000

44,767 км Мексико 7 декември 2000

45,094 км Мексико 1 октомври 2003

46,065 км Мексико 13 септември 2015

46,273 км Акваскалиентес

Најдобар напор на жени

Датум Возачка Растојание Велодром 20 септември 1986

44,770 км Колорадо Спрингс 23 септември 1987

44,933 км Колорадо Спрингс 1 октомври 1989

46,352 км Мексико 29 април 1995

47,112 км Бордо 17 јуни 1995

47,411 км Манчестер 26 октомври 1996

48,159 км Мексико

Наводи

Надворешни врски Часовни рекорди на UCI Список на часовните рекорди со податоци за велосипедите и велосипедистите Часовните рекорди со слики

Категорија:Велодромски велосипедизам