Нордерштет () — град во Германија и дел од метрополитенската област Хамбург. Се наоѓа во јужниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн и претставува петти најголем град во покраината (со околу 75.000 жители), веднаш зад Кил, Либек, Фленсбург и Нојминстер.

Градот бил основан во 1970 година и денес претставува најголем град во округот Зегеберг и од 2005 година го добил статусот „голем окружен град“.

Историја

Нордерштет бил создаден со спојување на четири градови на 1 јануари 1970 година: градовите Фридрихсгабе (Friedrichsgabe) и Гарштет (Garstedt), обата припаѓале на округот Пинеберг и градовите Гласхите (Glashütte) и Харкхајде (Harksheide), обата припаѓале на округот Штормарн. Новосоздадениот град бил доделен на округот Зегеберг.

Местоположба

Нордерштет е најјужниот град во округот Зегеберг и се граничи во југоисточниот дел со Хамбург.

Сообраќај

Нордерштет е опслужуван од автопатот А7 преку излезот Хамбург-Шнелзен-Норд (Нордерштет-Зид), сместен на територија на Хамбург, на југ, и излезот 23 Квикборн на север. Други врски се сојузните автопати Б432 и Б433.

Најблискиот аеродром е оној во Хамбург, чија писта 33 се протега низ покраничната граница во Нордерштет.

Нордерштет нема железничка станица на Германските железници. Постојат мал број на возови помеѓу Улцбург Зид на север и Нордерштет Мите на југ. Нордерштет Мите е исто така крајна станица на линијата У1 на хамбуршката У-Железница. Времето на патување од главната железничка станица ов Хамбург до Нордерштет Мите е околу 40 минути. Други две станици на линијата во градот се Рихтвег и Гарштет.

Меѓународни односи

Нордерштет е збратимен со следниве градови:

Маром, Франција (од 1966 г.) Оудби и Вигстон, Велика Британија (од 1977 г.) Звејндрехт, Холандија (од 1981 г.) Кохтла-Јарве, Естонија (од 1989 г.)

Познати луѓе Армин фон Геркан (1881–1969) — археолог Ернст Бадер (1914–1999) — глумец, композитор Виктор Колани (р. 1933) — германско-швајцарски индустриски дизајнер Уве Зелер (р. 1936) — германски фудбалер Оливер Бент (р. 1946) — пејач

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Зегеберг