Војна и мир ― советски филм од 1966 година, во режија на Сергеј Бондарчук.

Филмот е снимен врз основа на романот на Лав Толстој „Војна и мир“. Сценариото го напишале Сергеј Бондарчук и Василиј Соловјов, музиката е на Вјачеслав Овчиников. Во главните улоги настапуваат: Сергеј Бондарчук, Људмила Савелева и Вјачеслав Тихонов. Филмот се состои од четири делови со вкупно времетраење од 431 минута.

Содржина „Војна и мир“ претставува екранизација на истоимениот роман на Толстој и во него се прикажуваат две паралелни приказни: едната се однесува на големата љубов меѓу Наташа Ростова (ја глуми Савелева) и кнезот Андреј Болконски (го глуми Тихонов), кој подоцна трагично го губи животот во војната против Наполеон, а потоа се мажи за грофот Пјер Безухов (го глуми Бондарчук). Другата приказна е во врска со големата војна помеѓу руската и француската армија. Под водство на императорот Наполеон француската армија влегува во Москва, но подоцна мора да се повлече, трпејќи големи загуби. Војната кулминира со големата битка кај Бородино.

Награди Филмот освоил повеќе награди, некои од позначајните се следниве:

„Оскар“ (1969 г.) - за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје, а бил номиниран уште и во категоријата „најдобро уметничко уредување“ „Златен глобус“ (1969 г.) - во категоријата „најдобар странски филм“ Гран-при (1965 г.) на 4-тиот Московски меѓународен филмски фестивал Наградата на Националниот одбор за критичари (1968 г.) - за најдобар филм од странски јазик Наградата на Кругот на филмските критичари на Њујорк (1968 г.) - за најдобар филм од странски јазик

Наводи

Надворешни врски

Војна и мир на IMDb Војна и мир во „Ротен Томатос“ Гледајте го „Војна и мир“ онлајн на официјалната веб-страница на Мосфилм (со англиски титлови) Војна и мир , епизода 1 од 4 , реставрирана HD, Мосфилм 1966, (на руски јазик со англиски титлови)

Категорија:Советски филмови Категорија:Добитници на Оскар за најдобар странски филм Категорија:Руски филмови Категорија:Филмови од 1966 година Категорија:Филмови на Сергеј Бондарчук Категорија:Филмови со Сергеј Бондарчук Категорија:Филмови со Вјачеслав Тихонов Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови од 1967 година