Биделсдорф (; ) — град во округот Рендсбург-Екернферде, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на реката Ајдер и на Килскиот Канал, околу 2 километри северно од Рендсбург и 30 километри западно од Кил.
Историја
Најраните жители на областа која подоцна станал Биделсдорф се сретнуваат во времето на каменото доба, околу 3000 години п.н.е.. Денешниот Биделсдорф потекнува од мала населба до поголемиот град Рендсбург околу 1300 г. н.е..
Во 1777 година започнала работата на каналот помеѓу Балтичкото и Северното Море. Во 1779 година биле одредени границите на селото. Во 1827 година, Хартвиг Маркус Холер ја отворил Карлсхите, првата индустриска постројка во војводството. Холер исто така изградил бродоградилиште и создал работни места за жените на работниците во фабриката. Во 1841 година вработувал повеќе од 250 работници. Во 1895 година, Килскиот Канал бил завршен и Биделсдорф и Карлсхите процветале. Во 1909 година, Карлсхите вработувал 1.100 работници.
Развојот забавил со Првата светска војна. Меѓутоа, Биделсдорф прераснал во општина со околу 10.000 жители во век. Во 1984 година бил отворен новиот плоштад од Биделсдорф, составен од новото собрание, граѓански центар и неколку станбени блокови и продавници. Во 1988 година, Биделсдорф успеал да привлече дополнителни нови компании да отворат фабрики во општината. Како последица на тоа, општината имала околу 11.000 жители и 5.000 работни места.
Во 2000 година, Биделсдорф добил градски права, отворајќи нови можности за идниот развој. Херберт Шит, долгогодишен градоначалник на Биделсдорф, бил првиот градоначалник на градот Биделсдорф.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Биделсдорф е збратимен со следниве градови:
Олборг, Данска
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Рендсбург-Екернферде