мини|Карта на Денишер Волд од 1652 година мини|Плажа во Кил-Шилкзе
Денишер ВолдИмето на полуостровот е добиено преку транскрипција на германското име кое во случајов е во падеж, па затоа се сретнува и под други имиња, како Денишен Волд. (; ) — полуостров помеѓу Екернфердскиот Залив и Килскиот Фјорд во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. На југ се граничи со реките Левензау и Ајдер (денес со Килскиот Канал). Главно место на историската област како и административно седиште на истоимената општинска заедница, која го зафаќа средишниот дел на полуостровот, е Геторф.
Денишер Волд се наоѓа во округот Рендсбург-Екернферде. Некои места во југоисточниот дел (Шилкзе, Холтенау, Фридрихсорт) од 1922 година припаѓаат на градот Кил.
Област
Денишер Волд е дел од ридскиот масив на Шлезвиг-Холштајн. Оваа млада морена била создадена пред околу 20.000 години со топењето на мразот од последното ледено доба. Многу ридови ја пресекуваат областа. За плажите и бреговите се наоѓаат полиња и ливади.
Име
Ознаката „Денишер Волд“ се однесува на поранешната шума Исарнхо („Железна шума“) помеѓу Екернфердскиот Залив и Килскиот Фјорд. Волд потекнува од долногерманскиот јазик што означува шума. Ознаката како Железна шума денес повторно се сретнува во данскиот јазик Јернвед (Jernved).
Населување Праисторија
Како најрано присуство на луѓе во Шлезвиг-Холштајн се зема век п.н.е.. Многу од пронајдените мегалити во Денишер Волд прикажуваат развиен општествен живот на населените племиња во младото камено доба.
Дури во век п.н.е. се појавиле првите станбени населби.
Преселба на народите
При големата преселба на народите од век се промениле многу народи во областа. Од век биле населените Сасите. Денишер Волд главно бил ненаселен.
Среден век
Од 811 година, реките Ајдер и Левензау служеле како граница помеѓу Данците и Сасите. Северно од Виндебиер Нор се протегал ѕидот. На исток се протегала границата во однос на Словените.
Во 1260 година, Денишер Волд на крајот бил вклучен во Грофовијата Холштајн,Hans Wilhelm Haefs: Ortsnamen und Ortsgeschichten in Schleswig-Holstein, 2004. надошле нови доселеници од југ. Во 1662 година околу половина од површината била населена.
Села
Најстари села биле:
Геторф (1259), Холтзе (1272), Шилкзе (1273), Денишенхаген (1274), Шинкел (1289), Јеленбек (1300), Алт Билк (1304), Линдау (1307), Фелм (1310), Варлеберг (1316), Ратмансдорф (1325), Кноп (1322) како и Зекамп (1350).
Во средниот век во Денишер Волд, како и во Шванзен, се појавиле големи имоти со прекрасни велепоседнички домови или замоци. Овие имоти постоеле до крајот на век. Дури и денес сè уште се наоѓаат во посед на старите семејства.
Општини
Областа административно е поделена на следниве општини:
Алтенхоф Алтенхолц Денишенхаген Фелм Геторф Холтзе Линдау Нојдорф-Борнштајн Нојвитенбек Нер Осдорф Шинкел Шведенек Штранде Титендорф
Исто така, областа ги вклучува и поранешните општини, а денес градски окрузи на Кил:
Шилкзе Прис Фридрихсорт Холтенау
Наводи
Надворешни врски Официјална страница за Денишер Волд Историја на Шлезвиг-Холштајн
Категорија:Полуострови во Германија Категорија:Региони во Шлезвиг-Холштајн