Рендсбург (; ) — град на реката Ајдер и на Килскиот Канал во средишниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Рендсбург-Екернферде.
Историја
Датумот на основање на градот не е познат. Рендсбург бил првпат споменат во 1199 година. Старата форма на името на дански била Рејнолдсбург (Reynoldsburgh).
Станал дел од Холштајн во век, но бил предаден на Шлезвиг во 1460 година. Многупати, градот преминувал од данска на германска контрола и обратно. Во Втората шлезвишка војна во 1864 година, Рендсбург бил конечно заземен од Кралството Прусија и Австрија. По 1866 година, градот бил припоен од Прусија. Оттогаш, останал дел од Германија.
Иако Ајдер е пловна за мало пловила од нејзиното устие на Северното Море до Рендсбург, важноста на градот пораснала во 1895 година, кога бил завршен Килскиот Канал. Многу поголеми бродови можеле да пловат по Килскиот Канал и иако сместен во внатрешноста, Рендсбург станал морско пристаниште.
Главни знаменитости
Најпозната градба во градот претставува Рендсбуршкиот мост, железнички мост од челик, долг 2,5 километри и висок 41 метар, кој бил завршен во 1913 година за да ја пренесе железницата Нојминстер-Фленсбург преку каналот од релативно рамниот дел на другата страна. Тој е најдолгиот железнички мост во Европа (патно-железничкиот мост Ересунд е подолг): на северната страна, мостот прави круг околу градот со цел да ја постигне височината за да се префрли преку каналот. На самиот железнички мост постои фериботски мост — еден од само дваесетте некогаш направени — кој поминува преку каналот.
Воздухопловната школа на Германската војска и подрачна единица на Сојузната служба за заштита од зрачење се наоѓаат во Рендсбург.
Други знаменитости во градот се: Градското собрание од век Црква Св. Богородица од 1286 година Пешачки тунел под Килскиот Канал, најдолг пешачки тунел во светот Еврејски музеј Рендсбургhttp://www.schloss-gottorf.de/juedisches-museum Музеи во културниот домhttp://www.museen-rendsburg.de
Луѓе од Рендсбург
Ото Бернхарт — германски политичар Ханс Блом — фотограф и писател Лудвиг Фаренкрог — писател и текстописец Ханс Егон Холтхузен — поет, есеист и литературен критичар Хартмут Луц — професор Михаел Мајер — лекар Ноа Вунш — сликар, фотограф и дизајнер
Меѓународни односи
Збратимени градови
Рендсбург е збратимен со следниве градови:
Ланкастер, Велика Британија (од 1968 г.) Верзон, Франција (од 1975 г.) Олборг, Данска (од 1976 г.) Хапсалу, Естонија (од 1989 г.) Ратенов, Германија (од 1990 г.) Кристијанстад, Шведска (од 1992 г.) Шиен, Норвешка (од 1995 г.) Рачибож, Полска (од 1995 г.)
Договори за пријателство
Рендсбург исто така има договори за пријателство со следниве градови:
Питео, Шведска (од 1978 г.) Алмере, Холандија (од 1994 г.)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Рендсбург-Екернферде