„Исчезната без трага“ (англиски: Gone Baby Gone) е американски филм од 2007 година, во режија на Бен Афлек, кој е автор и на сценариото, заедно со Арон Стокард. Главните улоги ги толкуваат: Кејси Афлек, Морган Фримен, Ед Харис и Ејми Рајан. Ова е првиот филм во кој Бен Афлек се јавува во улогата на режисер. Филмот наишол добар прием кај филмските критичари, а Ејми Рајан била номинирана за „Оскар“ за најдобра споредна глумица.HRT, Nestala bez traga, američki film (2007.) (пристапено на 8.4.2022)

Содржина Двајца приватни детективи од Бостон се ангажирани да го истражат таинственото исчезнување на едно мало девојче. За време на истрагата, тие откриваат мноштво пресврти во кои ништо не е така како што изгледа. Притоа, тие ставаат сè на коцка за да го пронајдат девојчето: пријателството, разумот, па дури и животот.Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 20.„Исчезната“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 16.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Детективски филмови Категорија:Филмови на Бен Афлек Категорија:Филмови со Морган Фримен Категорија:Филмови со Кејси Афлек Категорија:Филмови со Ејми Рајан Категорија:Филмови со Ед Харис Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2007 година