Елмсхорн () — град во округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа 32 километри северно од Хамбург, сместен на малата река Крикау, близу Елба. Претежно индустриски град, Елмсхорн е шести град по големина во сојузната покраина, по Кил, Либек, Фленсбург, Нојминстер и Нордерштет.

Првпат бил споменат во 1141 година, а градските права ги добил во 1870 година и денес е седиште на окружниот совет на округот Пинеберг, кој влегува во рамките на метрополитенската област Хамбург. Градот исто така претставува административно седиште на општинската заедница Елмсхорн-Ланд, иако самиот град не е член на заедницата.

Елмсхорн е поделен на пет четврти Калтенвајде, Лангелое/Хајнхолц, Клостерзанде/Лит, Фуксберг и Мите/Фламвег.Elmshorn - zwischen Stadtvierteln, Stadtteilen und Stadtquartieren. во Elmshorner Nachrichten. 12 април 2012.

Стопанство

Историски, Елмсхорн имал многу претпријатие во прехранбената индустрија, вклучувајќи ја преработката на месо и производството на колбаси, производството на маргарин и житарици. Многу претпријатие постојат и денес, како Делинг-Харајко (обработка на месо/производство на колбаси) и Келн (производство на житарици, главно овес и мусли).

Меѓународни односи

Збратимени градови

Елмсхорн е збратимен со следниве градови:

Тараскон, Франција (од 1987 г.) Витенберге, Германија (од 1990 г.) Старгард Шчеќињски, Полска (од 1993 г.) Рајсио, Финска (од 2000 г.) Вентура, САД

Познати луѓе

Фриц Хегер (1877–1949) — архитект Херман Вајл (1885—1955) — математичар Харалд Паулсен (1895–1954) — глумец Михаел Штих (р. 1968) — тенисер Тим Мелцер (р. 1971) — готвач

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Пинеберг (округ)