Мирјана Крстева-Масети (1979) — македонска сликарка.
Животопис Крстева-Масети е родена во 1979 година. Таа дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во 2001 година. Исто така, таа е основач и член на Мултимедија центар од Гевгелија. Творештво Крстева-Масети е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2010 година. Таа е наградувана авторка, која имала над 10 самостојни и повеќе од 60 групни изложби во Македонија и во странство, а учествувала и на повеќе од 15 домашни и меѓународни ликовни колонии. На 31 октомври 2014 година, во уметничката галерија во Музејот на Куманово била отворена нејзината самостојна изложба.„Крстева-Масети излага во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5605, понеделник, 31 октомври 2014, стр. 20.
Наводи
Категорија:Сликарство Категорија:Македонски сликари Категорија:Родени во 1979 година