Живко Јанкулоски (роден на во , Крушевско) — македонски политичар и претседател на Партијата на обединетите демократи (ПОДЕМ). Од 2006 до 2008 година, тој бил вицепремиер задолжен за земјоделство и образование и потпретседател на Нова социјалдемократска партија.

Јанкуловски е доктор по земјоделски науки. Дипломирал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Специјализирал во областа на поледелството во Франција и САД.

Работел како стопанственик на повеќе работни места во претпријатието Пелагонија од Битола, бил директор на РЕ Радобор, ЗИК Пелагонија - Битола. Бил професор на Вишата земјоделска школа при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, професор во областа на растителното производство и технологијата на прехранбени производи на Факултетот за биотехнички и Техничкиот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола, продекан за финансии и наука на Факултетот за биотехнички науки. Бил и претседател на Сенатот на Универзитетот Св. Климент Охридски.

Во периодот 1994-1998 бил пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Алданци Категорија:Македонски политичари Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006 Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Политичари од НСДП Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Македонски универзитетски професори