Скупи-фест е меѓународен театарски фестивал што се одржува во Македонија. Директор на фестивалот е Музбајдин Ќамили, а уметнички директор е Сенко Велинов.

Скупи-фест 2013 Главната награда на седмото издание нафестивалот ја освоил Државниот театар од Тибинген, Германија.„Контроверзната Гробница за Борис Давидовиќ во Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5604, четврток, 30 октомври 2014, стр. 18. Скупи-фест 2014 Осмото издание на фестивалот се одржал во периодот 31 октомври - 6 ноември 2014 година, под мотото „Маски и даски“. Претставите се одржале во Младинскиот културен центар и во театарот „Центар“ во Скопје. На фестивалот биле прикажани претставите:„Три претстави викендов на Скупи-фест“, Дневник, година XVIII, број 5606, сабота, 1 ноември 2014, стр. 20. „Гробница за Борис Давидович“, во режија на Ивица Булјан, „Сите птици се веќе таму“, а во режија на Еберхард Колер, а во копродукција на театрите „Шлахтхаус“ од Берн и „Поколениј“ од Санкт Петербург, „Градители на империјата или Шмурц“, во режија на Александар Поповски и во изведба на турскиот театар „Хајал Пердеси“, „Вистинскиот Запад“ од Сем Шепард, во режија на Лаура Неџа, а во изведба на „Шетачкиот театар“ од Тирана, „Претстава без наслов“, во изведба на Бриџ театар од Романија, „Јерма“ од Лорка, во режија на Дијана Добрева, а во изведба на Театарот на бугарската армија, „И сега: светот!“, во режија на Соња Штрајфингер, а во изведба на Државниот театар од Тибинген, Германија.

Според организаторот, за учество на фестивалот се пријавиле дури 114 театри. Жирито го сочинувале: режисерот Синиша Евтимов и глумците Муса Јусуфи и Албана Санчоли. Министерството за култура на Македонија го помогнало фестивалот со 2,6 милиони денари. Бугарската претстава „Јерма“ била прогласена за најдобра на фестивалот.„Жестока Гробница за Борис Давидович, Јерма најдобра на Скупи-фест“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 19.

Наводи

Категорија:Театар Категорија:Театарски фестивали во Македонија