Владимир Георги Спасов (1933, Велес) — македонски сликар.
Животопис Спасов е роден во Велес, во 1933 година. Во 1963 година завршил Виша педагошка школа во Скопје, ликовна насока со историја на уметноста. До пензионирањето во 2000 година, работел како артист/аниматор во Македонската телевизија.
Творештво Спасов учествувал во поголем број групни изложби во Македонија и во странство. На 28 октомври 2014 година, во Музејот на градот Скопје била отворена ретроспективна изложба на Спасов, со наслов „Мојот ликовен ракопис“, а на која биле прикажани педесетина дела, создавани од 1950 до 1980 година, во различни техники.„Ретроспектива на Владимир Георги Спасов во Музејот на градот Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5602, вторник, 28 октомври 2014, стр. 22.
Наводи
Категорија:Сликарство Категорија:Македонски сликари Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Луѓе од Велес