Сантјаго Верхини (роден во Росарио, 3 август 1988) — поранешен аргентински фудбалер, играч од одбраната. Клупска кариерата Олимпија Верхини ја започнал својата кариера во Велес Сарсфилд, но никогаш не настапил за првиот тим. Во 2009 година, тој го направи своето професионално деби за парагвајскиот тим Клуб Олимпија, завршувајќи ја својата прва сезона со 14 настапи и еден постигнат гол. Тој потоа направил уште четири настапи во сезоната 2010.
Хелас Верона Во 2011 година пристигнал во Лега Про клубот, Хелас Верона на заем од Олимпија.Ufficiale: Halfredsson e Vergini al Verona Tggialloblu.it На стартот од сезоната Верхини бил стартер и заедно со Лука Чекарели го сочинувале стоперскиот тандем на Хелас. Но со доаѓањето на Андреа Мандорлини на тренерското место тој бил испртен на клупата за резерви, а во некои случаи и на трибините, бидејќи Мандорлини имал повеќе доверба во Доменико Мајета. Во текот на сезоната сепак успеал да постигне еден гол против Басано Виртус на Бентегоди.
Њуел Олд Бојс Во 2011 година, тој потпишал за Њуел Олд Бојс и постигнал 2 гола во 78 настапи.
Естудиантес Верхини потпишал за Естудиантес во 2013 година и направил 13 настапи со еден постигнат гол.
Сандерленд На 20 јануари 2014 година, Верхини го комплетирал својот договор за заем во Сандерленд во Премиер лигата за остатокот од сезоната 2013-14.
Тој го направи своето првенствено деби на 8 февруари, влегувајќи на местото на Фабио Борини во првото полувреме од натпреварот против Хал Сити откако стартниот стопер Вес Браун заработил црвен картон. Поради суспензијата на Браун, Верхини добил можност да го запише својот прв старт за Сандерленд на 22 февруари при гостувањето на Арсенал, и направил некој груби грешки кој клубот го чинеле убедлив пораз со 4-1. На 2 март, Верхини бил неискористена замена кога Сандерленд го загубил финалето на Лига купот со 3-1 од Манчестер Сити на Вембли.
По неколку натпревари во центарот на одбраната, Гус Појет го преместил Верхини на позиција десен бек поради проблемите со повреди на играчите што играле на таа позиција. Тој значително ги подобрил неговите настапи и му помогнал на Сандерленд да избегне испаѓање и да заврши 14. во Премиер лигата.
На 7 август 2014 година, тој повторно потпишал едно-сезонски заем со Сандерленд за кампањата 2014-15. Сандерленд не можел да потпише постојан договор со него заради тоа што играчот има ко-сопственост договор.
На 18 октомври 2014 година, во поразот со 8-0 пораз од Саутхемптон, Верхини го отворил резултатот во 12 минута со "еден од најпознатите бизарни авто-голови во историјата на Премиер Лигата". Во обидот да ја расчисти топката "испалил" волеј од работ на шеснаесетникот и ја забил топката во десниот горен агол на сопствениот голман Вито Маноне. Менаџерот Гус Појет рекол: "Дури и ако го гледаш 20 пати, нема да знаеш како тоа можеше да се случи".
Репрезентативна кариера Верхини го заработил својот прв настап за Аргентина во пријателски натпревар против Бразил на 20 септември 2012 година во кој играле само играчи кој настапуваат во домашните првенства. Тој влегол во натпреварот, како замена за Лисандро Лопес во 73-тата минута, но аргентинците загубиле со 2-1 во Гојанија. Тој се вратил во репрезентацијата на 14 октомври 2014 година, играјќи во победата со 7-0 во пријателски натпревар на гости против Хонгконг.
Хронологија на репрезентативните настапи
Наводи
Надворешни врски
Сантјаго Верхини на transfermarkt
Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Хетафе Категорија:Фудбалери на ФК Бока Хуниорс Категорија:Фудбалери на ФК Бурсаспор Категорија:Фудбалери на ФК Сан Лоренцо Категорија:Родени во 1988 година