Даниела Иваноска (родена во 1978 година во Скопје) — македонска театарска филмска и телевизиска глумица која работи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Животопис Даниела Ивановска (родена како Стојковска) е родена во Скопје. Таа е омажена за глумецот Зоран Иваноски со кого го имаат синот Лука.Сребра Ѓорѓијевска, „Театрите се однесуваат како секти“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.

Кариера Професионалната кариера на Иваноска (тогаш, со презимето Стојковска) ги направила во Скопје, играјќи во неколку претстави на Македонскито народен театар, како: „Соларис“, „Големите очекувања“, „Делириум за двајца“, „Слепци“, „Црнила 005“. Подоцна, таа се вработила во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде од 2008 наваму имала улоги во речиси сите претстави.

Во ноември 2014 година, на Меѓународниот фестивал на глумците во Никшиќ, Црна Гора, Иваноска ја освоила наградата за најдобра споредна женска улога, играјќи го ликот на Алтана во претставата „Буре барут (драма)“, во режија на Наташа Поплавска.„Награда за глумицата Даниела Иваноска на фестивалот во Никшиќ“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 19.

Филмографија Година Филм Улога 2005 Бал-кан-кан ТВ-филм Сопругата 2005 Боли ли ТВ-филм 2013 Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија 2014 Македонски народни приказни ТВ-серија 2015 Три во едно ТВ-филм 2015 Лазар ТВ-филм Милка 2019 Втора шанса ТВ-филм Елеонора 2019 Дедо и внук ТВ-филм Билјана 2020 Зоки Поки ТВ-серија Ивана 2023 Кутии ТВ-филм Лидија 2026 Влез ТВ-филм Ивана 2026 И Божана сака чоколадо ТВ-филм 2026 Можеби ТВ-филм 2027 Голиот рид ТВ-филм

Наводи

Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци