Људмила Михајиловна Павличенко (; ; 12 јули 191610 октомври 1974) — советски снајперист во текот на Втората светска војна. Кредитирана со 309 убивства, а се проценува дека со некредитираните бројот е близу до 500, таа се смета за најуспешната снајперистка во историјата.Lady Sniper , TIME Magazine (Monday, September 28, 1942)
Родена во Бела Црква на 12 јули 1916 година, Павличенко се пресели во Киев со своето семејство на возраст од 14 години. Таму се приклучи на клуб и се разви во аматер снајперист, додека работела во фабриката Киев Арсенал. Во 1937 година, како студент на Киевскиот универзитет го завршува мајсторкиот степен во историја на Богдан Хмелницки.Women and War: A Historical Encyclopedia from Antiquity to the Present by Arthur Bernard Cook, ABC-CLIO, 2006, ISBN 1851097708/ISBN 978-1851097708, page 457
Во јуни 1941 година, 24-годишната Павличенко било во својата четврта година од студирањето по историја на Универзитетот во Киев кога Германија ја започна инвазијата на Советскиот Сојуз. Павличенко беше меѓу првите волонтери во канцеларијата за регрутирање, каде што побарала да се приклучи на пешадијата; Павличенко ја имала можноста да стане медицинска сестра, но одбила; "Јас се приклучив на армијата кога жените сè уште не биле прифатени". Таа стана една од 2.000 жени снајперисти во Црвената армија, од кои околу 500 ја преживеале војната.Heroines of the Soviet Union 1941-45 by Henry Skaida, Osprey Publishing, 2003, ISBN 1841765988/ISBN 978-1841765983, page 31
Павличенко се бореше околу два и пол месеци во близина на Одеса, каде што убила 187. Кога Романците ја презеде контролата на Одеса нејзината единица беше испратена во Севастопол на Кримскиот Полуостров, каде таа се бореше повеќе од 8 месеци.1Павличенко Людмила Михайловна, Country's Heroes (warheroes.ru) Во мај 1942, полковник Павличенко беше цитирана од страна на Советот на Јужната Армија за убиството на 257 германски војници. Нејзиниот вкупен број потврдени убивства за време на Втората светска војна бил 309, вклучувајќи 36 непријателски снајперисти.
Во јуни 1942 година, Павличенко била ранета од минофрлачки оган. Поради нејзиниот растечки статус таа беше повлечена од борбите помалку од еден месец откако заздравела.
Имајќи го стекнато рангот на мајор, Павличенко никогаш не се врати во борбата но стана инструктор и обучувла Советски снајперисти до крајот на војната. Во 1943, таа беше наградена со Златна Ѕвезда на Херојот на Советскиот Сојуз, и беше комеморирана на советска поштенска марка.
Наводи
Надворешни врски Кратка биографија на Људмила Павличенко
Категорија:Родени во 1916 година Категорија:Починати во 1974 година Категорија:Историја на Киев Категорија:Жени во војна Категорија:Луѓе од Киев Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Починати во Москва