Минчо Јорданов (роден во Штип на 1 јули 1944 година) — македонски стопанственик и политичар.
Дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград 1968 година. Зборува руски и англиски јазик.
Од 1992 година е ангажиран во „Дуферко“ С.А. од Лугано, Швајцарија, претпријатие кое работи во сферата на челичниот сектор. Од 1994 година е член на Одборот на директор на ова претпријатие и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз, а од 1997 година е претседател на Одборот на директори на „Макстил“ АД Скопје и член на Одборот на „Дуферко“, од каде доаѓа во новата влада.
Од 1989 до 1992 година е директор на претставништвото на „Технометал-Вардар“ во Москва, а претходно од 1983 година генерален директор на Рудници и железарница „Скопје” - Скопје.
Во владата на Владо Бучковски, ја извршувал функцијата заменик претседател на владата задолжен за економски систем. Во ноември 2013 година беше еден од основачите на Алијансата за позитивна Македонија.„Алијанса за позитивна Македонија: Основачко Собрание, се бира претседател“ , НоваТВ, 10 ноември 2013.
Јорданов е сопственик на винаријата „Стоби“, „Бетон“, „Факом“, „Ремедика“ и на весниците „Нова Македонија“ и „Капитал“.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Штип Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Родени во 1944 година