Жените во средниот век имале голем број на различни општествени улоги. Жените во средниот век, периодот на европската историја од околу 5 век до 15 век, ја имале улогата на жена, мајка, селанка, занаетчија и калуѓерка, како и некои важни водачки улоги, како таа на игуманија или кралица.
Раниот среден век (476-1000) и Високиот среден век (1100-1300)
Римокатоличката црква имаше главно обединувачко, културно влијание на средниот век. Историски гледано во Католичката и другите древни цркви, улогата на владиката, како и свештеникот, беше ограничена на мажите. Исто така беше забранета ординацијата на диакониса.
Со формирањето на христијанското монаштво, други улоги во рамките на Црквата станале достапни за жените. Од 5 век наваму, христијанските манастири нудиле можност за некои жени да избегаат од бракот и воспитувањето на дете, да се стекнат со писменост и учење, и да имаат поактивна религиозна улога.
Игуманиите можеле да станат важни личности, често владеејќи над манастири на мажи и жени, и имајќи значајни имоти и моќ.
Акушерството се практикуваше неформално, но постепено стана специјализирана окупација во доцниот среден век.Schaus, p. 561. Жените често починувале при породување.Albrecht Classen, Old age in the Middle Ages and the Renaissance: interdisciplinary approaches to a neglected topic, Walter de Gruyter, 2007, ISBN 3-11-019548-8, p. 128. Животниот век на жените се зголеми во текот на високиот среден век, како резултат на подобрената исхрана.Shulamith Shahar, tr. Yael Lotan, Growing Old in the Middle Ages: 'winter clothes us in shadow and pain', 2nd ed., Routledge, 2004, ISBN 0-415-33360-1, p. 34.
Женските занаетчии во некои градови, како и нивните машки еквиваленти, се организирале во еснафи.Schaus, p. 337.
Доцниот среден век (1300-1500)
Во доцниот среден век жените како Света Катерина Сиенска и Света Тереза Авилска одиграле значајна улога во развојот на теолошките идеи и дискусијата во рамките на црквата. Мистичната Јулијана Норвичска, исто така, беше значајна во Англија.
Изабела I Кастиљска пресудувала комбинирано царство со нејзиниот сопруг, Фернандо II Арагонски, и Јованка Орлеанка успешно ја предводи француската армија во неколку наврати во текот на стогодишната војна.
Кристина Пизанска беше позната средновековна писателка за женските прашања. Нејзината Книгата на Градот на Дамите ја нападна мизогинијата, додека Богатството на Градот на Дамите артикулирала идеал за жените од сите сфери на животот, од принцезата сè до сопругата на селанец.Allen, Volume 2, The Early Humanist Reformation, Part 2, p. 646.
Од последниот век на средновековието па натаму, ограничувања почнале да се ставаат за работата на жените и еснафите станале само машки. Женските права на сопственост, исто така, почнале да се кратат во текот на овој период.Erler and Kowaleski, p. 198.
Средновековни претстави на женски активности
Разликата меѓу Западна и Источна Европа Статусот на жените се разликувал според регионот. Во Западна Европа, подоцнежниот брак и повисоките стапки на дефинитивен целибат помогнале да се ограничи патријархатот. Црквата забранувала брак додека невестата не се согласила.Greif, Avner. 2005. Family Structure, Institutions, and Growth: The Origin and Implications of Western Corporatism. Stanford University. December 4, 2011. Pgs 2-3. <www.aeaweb.org/assa/2006/0106_0800_1104.pdf> Брак со адолесценти не била норма во Англија.Hanawalt, p. 98-100
Во Источна Европа сепак, традицијата на ран и универзален брак (обично со невестата на возраст од 12-15 години, кога менархата се случувала во просек на 14),Levin, Eve. 1995. Sex and Society in the World of the Orthodox Slavs, 900-1700. Cornell University Press. pgs 96-98 како и традиционалните словенски патрилокални обичаиLevin, 1995; Pgs 137, 142 довеле до многу поинфериорен статус на жените во сите нивоа на општеството.Levin, 1995; Pgs 225-227
Наводи
Надворешни врски Erler, Mary Carpenter Erler and Maryanne Kowaleski, Gendering the Master Narrative: Women and power in the Middle Ages, Cornell University Press, 2003, ISBN 0-8014-8830-3. Schaus, Margaret, Women and gender in medieval Europe: an encyclopedia, CRC Press, 2006, ISBN 0-415-96944-1. Williams, Marty and Anne Echols, Between Pit and Pedestal: Women in the Middle Ages, Markus Wiener, 1994, ISBN 0-910129-34-7.
Категорија:Среден век Категорија:Жените и религијата