Јани Урдинов — македонско-белгиски професионален фудбалер. Роден е на 28 март 1991 година во Мехелен, Белгија. Настапува за Македонската фудбалска репрезентација.

Кариера Роден во Мехелен, Урдинов започна да игра во младинскиот состав на ФК Мехелен, ФК Ајндховен и ФК Рода. Во летото 2011 се пресели во ФК Работнички и со тој клуб настапуваше во Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2011/12. Во зимата тој замина за Литванија, каде заигра за ФК Екранас. Moментално настапува во ФК Шкендија.

Урдинов игра за Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година од 2009. На 26 мај 2012 првпат настапи за Македонската репрезентација во пријателски натпревар против Португалија во Леирија.

Надворешни врски Profile at MacedonianFootball

Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Шкендија Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе