Марија Никифорова (; ; 1885-1919), беше анархистички партизански водач. Таа исто така беше нашироко позната по својот прекар, Марусја. Таа станала позната фигура во анархистичкото движење од 1918-1919 во Украина за време на руската граѓанска војна.
Анархо-комунистичката политика на Никифорова беше формирана во средината на нејзините тинејџерски години, и таа брзо усвоила милитантни тактики со цел да ја унапреди. Во текот на нејзините активистички години, Никифорова даде бројни говори промовирајќи ги нејзините политички мислења. Сепак, транскрипции и цитати од нејзини говори едвај ја преживеале советската ера, и таа не ги запишувала своите ставови во писма, есеи, или статии. Она што е познато за нејзините говори е дека таа нашироко била позната за нејзиното харизматично ораторство, кое таа го користела да промовира анархистички ставови.Archibald 2007, p. 10 Нашироко позната како анархистичка, се велеше дека постојано носела сосема црна облека како симбол на својата слободарска филозофија.Skirda 2004, p. 318
Никифорова во голема мера била игнорирана од страна на историчарите после нејзината смрт. Историчарите од советската ера во голема мера ја избришале од историјата, и покрај важната улога која ја играше во Руската револуција од 1917 година и последователната граѓанска војна. Биографскиот речник за руската револуција вклучува стотици записи, но не ја вклучува неа. Од неколкуте болшевички жени кои се вклучени, ниту една давала воени команди како Никифорова.Archibald 2007, p. 1
Постои малку објаснување за занемарувањето од страна на анархистичките историчари. Иако биле објавени неколку биографии на Нестор Макно - анархист врз кој Никифорова имала големо влијание, малку се спомнува Никифорова. Ова е и покрај нивната тесна соработка, како и нејзината поголема современа слава, според биографот Малком Арчибалд: "...во 1918 Никифорова веќе беше позната како анархистичка Атаманша (женски воен водач) во цела Украина, додека Макно уште беше прилично непозната фигура работејќи во едно провинциско село."Archibald 2007, p. 2
Наводи
Надворешни врски
Maria Nikiforova at Libcom.org
Категорија:Родени во 1885 година Категорија:Починати во 1919 година Категорија:Учесници во Руската граѓанска војна Категорија:Украинска револуција Категорија:Руски револуционери Категорија:Анархисти Категорија:Комунисти Категорија:Жени во војна