Фризи — германска етничка група населена на крајбрежните делови на Холандија и Германија. Главно се наоѓаат во холандските покраини Фризија и Гронинген, а во Германија, Источна Фризија и Северна Фризија, која била дел од Данска до 1864 година. Ја населуваат областа позната како Фризија. Фризиските јазици се сè уште говорени од 500.000 говорници; дијалекти на фризискиот јазик се признаени како службени јазици во Холандија и Германија.
Јазик
Како Англосаксонците од Англија и раните Фризи биле создадени од главно слични племенски заедници, поради што нивните соодветни јазици се многу слични. Старофризискиот јазик е најблизок јазик на староанглискиот јазик и современите фризиски дијалекти се најблиски јазици на современиот англиски јазик.
Самата група на фризискиот јазик е поделена на три заеднички неразбирливи меѓу себе јазици:
западнофризиски, говорен во холандската покраина Фризија затерландски фризиски, говорен во германската општина Затерланд јужно од Источна Фризија севернофризиски, говорен во германската област Северна Фризија (во рамки на истоимениот округ) на западниот брег на Јитланд
Од овие три јазици, затерландски фризиски (2.000 говорници) и севернофризиски (10.000 говорници) се загрозени јазици. Западнофризискиот јазик е говорен од околу 354.000 говорници и не е загрозен.
Идентитет
Денес постои тројна поделба на Фризи, на Севернифризи, Источнифризи и Западнифризи, предизвикана од постојана загуба на територија на Фризија во текот на средниот век. Западните Фризи не се сметаат како дел од поголемата група на Фризи и според пописот од 1970 година, тие повеќе се одредуваат како Холанѓани отколку Фризи. Така, терминот фризиски, кога се применува на говорниците на трите фризиски јазици, е јазичен и донекаде културен, но не и политички.
Културно, современите Западнифризи и Холанѓаните се слични; главната и најважната разлика е тоа дека Западните Фризи говорат западнофризиски јазик, еден од трите фризиски јазици, заедно со холандскиот јазик. Поради вековниот соживот и активното учество во холандското општество, како и нивната двојазичност, овие Фризи не се сметаат како одвоена група во холандската официјална статистика.
Поврзано
Фризија Фризиски Острови Фризиски јазици
Наводи
Надворешни врски Lex Frisionum на латински, холандски и англиски јазик Историја на Фризите
Категорија:Народи во Европа Категорија:Германски народи
Категорија:Германско општество Категорија:Холандско општество Категорија:Народи во Холандија Категорија:Народи во Германија