Маска е американски филм од 1994 година, во режија на Чак Расел. Главните улоги ги играат: Џим Кери, Камерон Дијаз и Питер Ригерт.

Содржина Стенли Ипкис (го игра Кери) е обичен банкарски службеник, кој случајно наоѓа маска со огромна моќ. Со неа, тој се трансформира во семоќен човек, кому не му можат ништо ниту куршумите, ја ограбува банката и ја заведува девојката (ја глуми Дијаз) на опасниот шеф на криминалците. Сфаќајќи дека во маската се крие голема негативна енергија, на крајот тој одлучува да се ослободи од неа.Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 16.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1994 година Категорија:Филмови со Џим Кери Категорија:Филмови со Камерон Дијаз Категорија:Филмски комедии