Статичката анализа на јазот (англиски: Static Gap Analysis) - техника која ја мери изложеноста на каматниот ризик во банките и другите финансиски институции, набљудувано од аспект на ефектите на промените на каматните стапки врз нето-каматниот приход.
Основни фази во примената на анализата на јазот Примената на оваа техника поминува низ следните неколку фази:Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 305-306. Поставување кусорочни цели за нето-каматниот приход. Групирање на средствата и обврските на банката во зависност од нивната осетливост на промените на каматните стапки. Предвидување на каматните стапки во следниот период. Мерење на изложеноста на банката на каматен ризик, односно промена на ефектите што промените на каматните стапки ќе ги предизвикаат врз нето-каматниот приход. Управување со каматниот ризик.
Врз основа на анализата на јазот, раководството на банката презема мерки за заштита од каматниот ризик, каде што целта е да се имунизира банката од ефектите на каматните стапки, односно да се одржи планираниот нето-каматен приход. Од друга страна, управувањето со каматниот ризик може да биде насочено кон искористување на промените на каматните стапки, со цел да се зголеми нето-каматниот приход.
Каматна осетливост на средствата и обврските Примената на анализата на јазот бара сите средства и обврски на финансиската институција да се групираат во две групи: каматноосетливи и каматнонеосетливи средства и обврски. Групирањето на средствата и обрвските се врши од апсект на тоа дали приходите што ги носат средствата, односно расходите што ги носат обврските се менуваат во определен временски период, во зависност од промената на камтните стапки.
Каматноосетливи средства (Rate sensitive assets) се оние средства чиј каматен приход се менува во определен временски период, како резултат на промена на каматните стапки (кусорочни хартии од вредност, хартии од вредност со променливи каматни стапки, кусорочни заеми, кредити со променливи каматни стапки).
Каматнонеосетливи средства (Non-sensitive assets) се оние средства чиј каматен приход останува непроменет во определен временски период, независно од промената на каматните стапки (готови пари, долгорочни хартии од вредност со постојани каматни стапки, долгорочни заеми со постојани каматни стапки, згради и опрема).
Каматноосетливи обврски (Rate-sensitive liabilities) се оние извори на средства чиикаматни расходи се менуваат во определен временски период, при промена на каматните стапки (кусорочни депозити, издадени кусорочни хартии од вредност, позајмици од други банки, позајмици од централната банка).
Каматнонеосетливи обврски (Non-rate –sensitive liabilities) се оние извори на средства кај кои промената на камтните стапки не предизивкува никакви ефекти врз каматните расходи на обврските во определен времнески период (депозити по видување, орочени долгорочни депозити, капитал).
Групирањето на средствата и обврските според каматната осетливот треба да се сфати релативно, затоа што некое средство може да биде каматнонеосетливо, ако се набљудува во определен временски интервал (на пример, 30 дена), но тоа се претвора во каматноосетливо, ако се набљудува во подолг врменски период (на пример, 90 дена). Оттука, на долг рок, речиси сите средства и обврски се каматноосетливи, затоа што во одредена временска точка тие ќе бидат подложни на промена на нивната цена. Од друга страна, набљудувано на кус рок (на пример, неколку часа или еден ден), речиси сите средства се каматнонеосетливи, затоа што не се менува нивната цена.
Инаку поделбата на средствата и обврските на каматноосетливи и каматнонеосетливи бара внимателна процена на тоа дали во определен временски период се очекува промена на цената на одредено средство или обврска. Почетна точка може да биде рочноста на средствата и обврските. Сите средства што достасуваат за наплата или плаќање во определен временски период се сметаат како каматноосетливи, зошто ќе бидат предмет на повторно одредување на цената (repricing). Исто така, како каматноосетливи средства и обврски се сметаат оние чии периодични плаќања достасуваат во определен временски период. На пример, кога некој кредит достасува за целосна наплата по три години, неговите ануитети што достасуваат во наредниот период ќе бидат сместени во групата на каматноосетливи средства.
Најпосле, сите средства и обрвски со променливи каматни стапки се третираат како каматноосетливи, доколку нивните цени се предмет на приспособување во одреден временски период. Притоа, правило е дека средствата и обврските со променливи каматни стапки и покуси рокови на достасување обично се каматноосетливи, додека средствата со постојани каматни стапки и долги рокови на достасување се каматнонеосетливи. Се разбира, како каматнонеосетливи за третираат и средствата и обврските што не носат каматни приходи, односно не предизвикуваат каматни расходи.
Земајќи го предвид фактот дека временскиот период има голема значење во групирањето на средствата и обврските, банката најпрво треба да определи во кои временски интервали ќе ја оценува каматната осетливост на средствата и обврските. Овие временски периоди се нарекуваат плански хоризонти (planning horizons) или „кофи на рочноста“ (maturity buckets).Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 306-308.
Дефинирање на каматноосетливиот јаз
Откако банката ќе изврши групирање на средствата и обврските на каматноосетливи и каматнонеосетливи, таа треба да ја измери изложеноста на каматен ризик. Тоа подразбира пресметка на т.н „каматноосетлив јаз (rate-sensitive gap)“ или „јаз на рочноста (maturity gap)“ , т.е. „јаз на финансирањето (funding gap)“. Каматноосетливиот јаз се пресметува како разлика меѓу вредноста на каматноосетливи средства и каматноосетливи обрвски:
Јаз = каматноосетливи средства - каматноосетливи обврски
Каматноосетливиот јаз е изразен во пари, и оттука, тој овозможува увид во големината на каматниот ризик што го презема банката. Меѓутоа, ова мерка на каматниот ризик не овозможува да се врши споредба меѓу банки со различна големина. Имено, само по себе се подразбира дека банките со поголеми вкупни средства ќе имаат поголем каматноосетлив јаз во споредба со банките со помалку средства. Овој недостаток може да се отстрани со пресметка на коефициентот на релативниот јаз (relative gap ratio), којшто претставува однос меѓу вредносниот јаз и вкупните средства на банката:
Коефициент на релативниот јаз =
Релативниот јаз го прикажува каматноосетливиот јаз како процент од вкупните средства на банката и на тој начин обезбедува стандардизирана мерка на каматниот ризик. Најпосле, изложеноста на каматниот ризик се мери и со помош на кофициентот на каматна осетливост (interest rate-sensitivity ratio). Тој се пресметува како однос меѓу вредноста на каматноосетливите средства и износот на каматноосетливите обврски:
Коефициент на каматната осетливост =
И коефициентот на каматната осетливост не е погоден за споредба меѓу банки со различна големина, затоа што не води сметка за големината на банката и, оттука, не дава претстава за обемот на каматниот ризик што го презема банката.Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 308-309.
Јазот како мерка на каматниот ризик
Сите показатели на јазот ја мерат изложеноста на банката на каматниот ризик. Притоа, ако вредноста на каматноосетливите средства е поголема од износот на каматноосетливите обврски, банката има позитивен јаз (Positive gap), односно таа е каматноосетлива на страната на средствата (asset sensitive). Mерено со другите показатели, таква банка ќе има позитивен релативен јаз, а коефициентот на каматната осетливост ќе биде поголем од 1. Банката со позитивен јаз е изложена на ризикот од намалување на каматните стапки, бидејќи во тој случај каматните приходи ќе се намалат за поголем износ во споредба со каматните расходи и тоа ќе предизвика намалување на нето-каматниот приход. Во обратен случај, доколку дојде до пораст на каматните стапки, банката со позитивен јаз ќе доживее зголемување на нето-каматниот приход, бидејќи нејзините каматни приходи ќе пораснат за поголем износ во спредба со каматните расходи.
Ако износот на каматноосетливи обврски го надминува износот на каматноосетливи средства, банката се соочува со негативен јаз (Negative gap), односнo таа е каматноосетлива на страната на обврските (liability sensitive ). Таквата банка ќе има негативен релативен јаз и коефициент на осетливост помал од 1. Банката со негативен јаз е изложена на ризикот од зголемување на каматните стапки, бидејќи во тој случај, каматните расходи на банката ќе се зголемат за поголем износ во споредба со каматните приходи и тоа ќе предизвика намалување на нето-каматниот приход. Во обратен случај, доколку дојде до опаѓање на каматните стапки, банката со негативен јаз ќе доживее зголемување на нето-каматниот приход, бидејќи нејзините каматни расходи ќе се намалат за поголем износ во споредба со каматните приходи.
Периодичен и збирен јаз Примената на аналиата на јазот бара банката да ги определи временските периоди во кои ќе ја мери каматната осетливост на средствата и обврските. Врз таа основа, банката може да ги анализира ефектите од промената на каматните стапки врз нето-каматниот приход во одделни временски периоди. Притоа, разликата меѓу каматноосетливите средства и каматноосетливите обврски во секоја одделна „рочна кофа“ се нарекува периодичен јаз (incremental gap). Истовремено, банакта може да ја мери изложеноста на каматниот ризик во подолги временски интервали, односно да го мери збирниот јаз за повеќе „кофи“ заедно. Вака пресметаниот јаз се нарекува збирен јаз (cumulative gap) и тој се добива како разлика меѓу каматноосетливите средства и каматноосетливи обврски во повеќе „кофи“. Како што може да се забележи, збирниот јаз за одреден временски период претставува збир на повеќе периодични јазови.Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 310.
Каматноосетливиот јаз и нето-каматниот приход
При позитивен јаз и зголемување на каматните стапки, следува пораст на нето каматниот приход. При позитивен јаз и намалување на каматните стапки, следува опаѓање на нето каматниот приход. При негативен јаз и зголемување на каматните стапки, следува опаѓање на нето-каматниот приход. При негативен јаз и намалување на каматните стапки, следува пораст на нето-каматниот приход. При нулти јаз и зголемување или намалување на каматните стапки, нето каматниот приход не се менува.
Најпосле, доколку банката има нулти јаз, односно нејзините каматноосетливи средства се еднакви на каматноосетливи обврски, таа ќе биде заштитена од ефектите на промените на каматните стапки. Во тој случај, ако дојде до промена на каматните стапки, тоа подеднакво ќе се одрази врз каматните приходи и врз каматните расходи, така што нето–каматниот приход нема да се промени.Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 309-310.
Јазот и нето–каматниот приход
Анализата на јазот овозможува приближно да се пресметаат ефектите на промените на каматните стапки врз нето-каматни приходи на банката. Во таа смисла, доколку банката се соочува со позитивен јаз, таа ќе заработи од порастот на каматните стапки, а ќе изгуби ако каматните стапки се намалат. Обратно, доколку банката се соочува со негативен јаз, нејзиниот нето-каматен приход ќе се зголеми при опаѓање на каматните стапки, односно ќе се намали ако каматните стапки пораснат. Притоа врската, меѓу јазот, промената на каматните стапки и нето-каматниот приход е дадена преку следното равенство:
ΔNII = G х Δi
каде што:
NII – апсолутна промена на нето-каматниот приход, G – каматноосетливиот јаз i- промена на каматните стапки.
Соодветно на тоа, ефектите врз нето-каматната маржа може да се пресметаат на следниот начин:
NIM = G/EA х i