Спортска сала Куманово — затворено спортско здание кој се наоѓа во Куманово, Македонија. Салата има сместивост од 4.150 седишта и била изградена во 1980.
Салата е најголемата затворена спортска сала во Куманово, каде се одржуваат кошаркарски, ракометни, футсал, одбојкарски и боксерски натпревари.
Историја Спортската сала во Куманово била проектирана од архитектите Трајко Димитров и Живко Гелевски во 1979 година. Проектната организација била Македонија проект - Скопје. Градбата била завршена во 1980 година од страна на „Козјак“ - Куманово. Градбата ја добила Големата награда на Биеналето на Македонската архитектура (БИМАС) во 1981 година.
Во 2020 година, Владата на Македонија ја вратила Спортската сала на Општина Куманово, откако со неа претходно стопанисувал приватен субјект. Во јули 2021 година, започнала подновувањето на салата. Проектот за обновувањето бил изготвен од ГЕИНГ ДОО Скопје. Согласно март 2024 година, салата била уште во фаза на реконструкција.
Наводи
Надворешни врски
Куманово Куманово Категорија:Спортски зданија во Куманово Категорија:Згради и градби завршени во 1980 година Категорија:Појавено во Македонија во 1980 година Категорија:Појавено во Југославија во 1980 година