Јаник "Јала" Боласие (роден на 24 мај 1989 во Лион, Франција) — конгоански фудбалер, крило на Крузеиро.

Клупска кариера Рана кариера Боласие ја започнал својата кариера со Рашден и Дајмондс на возраст од 16 години."Bolasie completes move to Argyle" This is Plymouth, The Herald, 17 July 2008; Retrieved 10 August 2010 Тој поминал четири месеци како член на нивниот младински тим, а потоа имал престој во Хилингдон Боро во седмата англиска лига, пред да ја напушти Англија и да потпише за малтешката екипа Флоријана во 2007 година. Тој се вратил во Англија во 2008 година, откако му било понудено да дојде на проби во Плимут, каде доволно импресиониранл за да му биде понуден две-годишен договор."Teenager Bolasie opts for Argyle" BBC Sport, 17 July 2008; Retrieved 10 August 2010 Во 2008 година се вратил се вратил во Рaшден и Дајмондс, екипата во која "поникнал", на неколку-месечен заем."Rushden sign Plymouth midfielder" BBC Sport, 21 November 2008; Retrieved 10 August 2010 Тој го направил своето деби против Истборн Бороу на 29 ноември,"Rushden 2–0 Eastbourne" BBC Sport, 22 November 2008; Retrieved 10 August 2010 и направил седум настапи во Конференција пред да се врати во Аргајл во јануари 2009 година. Потоа следувале две позајмици во Барнет. Првата започнала на 25 јануари 2009 и траела до крајот на сезоната 2008-09, а Боласие одиграл 20 натпревари и постигнал 3 гола. Откако по завршувањето на сезоната, Боласие накратко се вратил во Плимут, во јули 2009 година тој отишол одново во Барнет на шест-месечна позајмица играјќи во 22 натпревари и постигнал 2 гола.

Плимут

Боласие се вратил во Плимут во јануари 2010 година"Bees Bolasie returns to Plymouth" BBC Sport, 8 January 2010; Retrieved 10 August 2010 и му била дадена шанса да импресионира од страна на менаџерот Пол Маринер, кој го наследил Старок еден месец порано, и го вклучи во тимот за гостувањето кај Барнсли на 13 февруари 2010.Bench duty for Bolasie This is Cornwall (Local World), 16 February 2010 Тој го направил своето деби за клубот во тој натпревар, влегувајќи како замена од клупата за да даде промена на моментумот од 1-0 дефицит до победа од 3-1 за гостите."Barnsley 1–3 Plymouth" BBC Sport, 13 February 2010; Retrieved 13 February 2010 Тој го постигнал својот прв гол за клубот две недели подоцна во поразот на гости од Шефилд Јунајтед со 4-3."Sheff Utd 4–3 Plymouth" BBC Sport, 27 February 2010; Retrieved 27 February 2010 Крилниот играч,Winger Bolasie has Home Park hopes This is Cornwall (Local World), 14 August 2009; Retrieved 1 April 2013 ја завршил сезоната со 16 првенствени настапи во Чемпионшип лигата"Plymouth 2009/2010 player appearances" Soccerbase; Retrieved 10 August 2010, но не можел да помогне клубот да се спаси од испаѓање во Лига Еден. На Боласи му бил понуден нов договор со клубот во април 2010 година,"Bolasie keen on new deal" Sky Sports; 26 April 2010; Retrieved 10 August 2010 и тој го потпишал во јули, по доаѓањето на Питер Рид како нов менаџер на клубот."Bolasie signs new deal at Argyle" BBC Sport, 30 June 2010; Retrieved 10 August 2010

Бристол Сити Боласие му се приклучил на Бристол Сити на 6 јуни 2011 година за неоткриена сума и потпишал двегодишен договор. Тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 3-1 против Ковентри Сити на 9 април 2012 година. Тој поднел писмено барање за да биде ставен на трансфер листа во август 2012 година, бидејќи сакал да се врати назад во Лондон.

Кристал Палас Во август 2012 година, Боласие потпишал тригодишен договор со Кристал Палас за необјавена сума. Тој го направил своето деби во поразот со 2-1 кај Мидлзборо, и го постигна својот прв гол за Палас при победата со 5-0 победа над Ипсвич Таун. Тој брзо станал миленик на навивачите поради неговата упорност, илузија и посветеност на теренот. Сезоната 2012-13 Боласие ја завршил со 44 настапи и 3 постигнати гола и бил еден од најзаслужните за промоцијата на Палас во Премиер лигата, заедно со напаѓачите Глен Мареј (кој со 30 гола бил најдобар стрелец во Чемпионшип таа сезона) и Вилфрид Заха. Сепак, во последниот натпревар од сезоната, финалето на плејофот, Боласие останал неискористена замена во победата со 1-0 над Ватфорд по продолженија.Чемпионшип лига финале на плејоф: Кристал Палас-Ватфорд 1-0 Пристапено: 03-02-2015 Со оваа победа Палас избориле промоција во Премиер лигата за следната сезона.

Во сезоната 2013-14, Боласие одиграл 29 натпревари за Кристал Палас во Премиер лигата, без да постигне ниту еден гол, но имал 4 асистенции. На 23 ноември 2013, во натпреварот против Хал Сити (1-0 за Палас) бил исклучен во 78-мата минута, откако му бил покажан директен црвен картон.

Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал на 21 септември 2014, во победата со 3-2 над Евертон на Гудисон Парк. На 11 април 2015, постигнал хет-трик за само 11 минути (од 51-вата до 62-рата минута) во победата со 4-1 на гостувањето кај Сандерленд.

Евертон На 15 август 2016 потпишал за Евертон.

Репрезентативна кариерa Боласие имал право да ги претставува репрезентациите на Франција, Англија и ДР Конго на репрезентативно ниво преку раѓањето, воспитувањето и наследството, соодветно. Во јануари 2013 година, додека настапувал во Чемпионшип за Кристал Палас, Боласие ја отфрлил можноста да ја претставува репрезентацијата на ДР Конго на Африканскиот куп на нации 2013 тврдејќи дека тој не сака да го наруши напредок во неговата клупска кариера. Сепак, околу два месеци подоцна во март 2013 бил повикан повторно и го направил своето деби во квалификациите за Светското првенство 2014 против Либија.

Наводи

Надворешни врски

Јаник Боласие на soccerway Јаник Боласие на transfermarkt Јаник Боласие на whoscored Јаник Боласие на espn

Категорија:Фудбалери од ДР Конго Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Плимут Аргајл Категорија:Фудбалери на ФК Бристол Сити Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на ФК Ризеспор Категорија:Фудбалери на АФК Свонзи Сити Категорија:Фудбалери на ФК Крузеиро Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Француски фудбалери Категорија:Родени во 1989 година