мини|Дијаграм на орбита од 323 Брусија 323 Брусија — првиот астероид кој бил откриен со употреба на астрофотографија. Воедно станува збор за првиот астероид од преку двестотината кои биле откриени од страна на Макс Волф, кој бил пионер во употреба на тој метод за наоѓање на астрономски тела. Астероидот бил откриен на 22 декември 1891 година, и бил именуван во чест на Кетрин Волф Брус, позната мецена на астрономијата, која донирала 10.000 долари за изградба на телескопот кој го користел Волф.

Исто така станува збор за астероид кој ја пресекува орбитата на Марс.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Астероиди од типот S Категорија:Марсопресекувачи Категорија:Откритија на Макс Волф Категорија:Астрономски тела откриени во 1891 година Категорија:Астероиди наречени по личности Категорија:Неправилни месечини