Пеце Матичевски (, – , ) ― македонски бранител, резервист на АРМ, учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Загинал на 5 јуни 2001 година, во заседа на патот Гајре - Шипковица.
Животопис
Во 2001 година, тој ја извршувал редовната војничка задача на реонот околу тетовското село Шипковица, село. На 5 јуни 2001 година, кај патот Шипковица - Гајре, во заседа слична на Вејце, загинале 5 припадници на АРМ, меѓу нив и Пеце Матичевски. Сите петмина загинале за само 15 минути, прво Руфати и младиот Китанов, а потоа без никаква придружба, по претходна наредба да пружат помош на повредени војници во армиско-полицискиот пункт во Шипковичка кривина, во истата заседа паднале Матичевски, Силјанов и Миленковски.
На свијокот на патот што води кон овој пункт, терористите со рачен фрлач го погодиле возилото пик-ап 101, кое носело храна за пунктот кај Шипковица. На самото место загинале Руфати и Китанов, кои биле во возилото. По само пет минути, на истото место бил нападнат теренецот Ланд Ровер, кое се упатило да им помогне на ранетите во [Шипковица. Од четворица луѓе внатре, тројца загинале на местото.
Според увидот, на возилата било пукано од две групи по 5-6 напаѓачи, од 8-10 метарска оддалеченост. На местото биле најдени 60 празни чаури, рачни бомби, неексплодирани гранати. По џипот се движело санитетско возило, кое за влакно успеало да сврти и лекарите да се спасат од заседата.
На 5 јуни 2010 година, во чест на петтемина загинати војници,, бил поставен спомен плоча на местото каде загинале.
Пеце Матичевски посмртно бил одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.
Наводи
Категорија:Луѓе од Новаци Категорија:Починати во Гајре Категорија:Починати во Шипковица (Тетовско) Категорија:Македонски бранители