Волфганг Паули ( – ) Волфганг Ернст Паули е теоретски физичар со Австро-швајцарско потекло  и е еден од пионерите на квантната физика. Во 1945, после неговото номинирање од страна на Алберт Ајнштајн , Паули ја добил Нобеловата награда за голем придонес во физиката , проучувајќи го новиот закон на природата, начелото на исклучување или Паулиево начело. Проучувањето ја вклучувало теоријата за спин која претставува основва на теоријата за структура на материјата.

Животопис

Младост

Паули е роден во Виена и неговиот татко Волфганг Јозеф Паули бил хемичар и бил во брак со Берта Камила Шулц. Неговото средно име му било доделено во чест на неговиот кум, физичарот Ернст Мах. Поколението на Паули потекнувало од истакнатите еврејски семејства од Прага: неговиот пра-прадедо бил евреин и неговото име било Волф Паскелес. Таткото на Паули ја сменил религијата од јудаизам во католицизам кратко пред неговата свадсба во 1899 година. Мајката на Паули, Берта Шулц, израснала како дете чии родители биле католици. Нејзиниот татко бил евреин и бил писател познат како Фридрих Шултц. Паули бил одгледан како католичко дете, иако тој и неговите родители ја напуштиле црквата.

Паули учел во гимназијата Доблингер во Виена, каде дипломирал во 1918 година. Само два месеци после дипломирањето, тој го објавил својот прв труд, за Ајнштајновата теорија за општата релативност. Тој студирал на универзитетот „Лудвиг-Максимилијан“ во Минхен, работејќи за Арнолд Зомерфилд, каде се стекнал со титулата Доктор на Филозофија во јули 1921 година за неговите тези поврзани со квантната теорија за јонизиран молекуларен водород. Зомерфилд го замолил Паули да ја разгледа теоријата за релативноста за “Енциклопедијата на математички науки”.Два месеци по неговото доктрорирање , Паули го завршил неговиот проект, кој бил објавен на 237 страници. Амјнштај бил восјхитен од неговата работа. Паули поминал една година на Гетингенскиот универзитет како асистент на Макс Борн и следната година на Институтот за теориска физика во Копенхаген. Од 1923 до 1928 година, тој бил предавач на Хамбуршкиот универзитет. Во овој период, Паули ја развил модерната теорија за квантната механика. Тој воедно го срочил начелото на исклучување и теоријата за нерелативистичиот спин.

Во 1928 година, тој бил назначен за професор по теориска физика во Цирих, Швајцарија каде што направил значајни научни подвизи. Во 1931 година добитник е на Лоренцов медал.

На крајот од 1930 година, краток период по потрагата за неутриното и веднаш по неговиот развод во ноември, Паули доживеал нервен слом.

Тој се консултирал со психијатарот и психотерапевт Карл Јунг, кој, како и Паули, живеел во близина на Цирих. Јунг веднаш почнал да ги толкува длабоко архетипските соништа на Паули, а Паули станал еден од најдобрите студенти на длабинскиот психолог. Наскоро почнал научно да ја критикува епистемологијата на Јунговата теорија, а тоа придонело за одредено разјаснување на неговите мисли, особено за концептот на синхроницитет. Голем број од овие дискусии се документирани во писмата на Паули/Јунг, денес објавени како „Атом и архетип“. Јунговата детална анализа на повеќе од 400 соништа на Паули е документирана во „Психологија и алхемија“.

Анексијата на Австрија од страна на Германија во 1938 година го направила германски државјанин, што станало проблем за него во 1939 година по избувнувањето на Втората светска војна. Во 1940 година, тој залудно се обидел да добие швајцарско државјанство, што ќе му овозможело да остане на ЕТХ.Charles Paul Enz: No Time to be Brief: A Scientific Biography of Wolfgang Pauli, first published 2002, reprinted 2004, ISBN 0-19-856479-1, p. 338

Паули се преселил во Соединетите Американски Држави во 1940 година, каде што бил вработен како професор по теоретска физика на Институтот за напредни студии. Во 1946 година, по војната, станал натурализиран државјанин на Соединетите Американски Држави, а потоа се вратил во Цирих, каде што останал претежно до крајот на својот живот. Во 1949 година, му било доделено швајцарско државјанство.

Во 1958 година, Паули бил награден со медалот Макс Планк. Истата година, се разболел од рак на панкреас. Кога неговиот последен асистент, Чарлс Енц, го посетил во болницата Роткрјц во Цирих, Паули го прашал: „Го виде ли бројот на собата?“ Беше број 137. Во текот на целиот свој живот, Паули бил преокупиран со прашањето зошто константата на фината структура, бездимензионална фундаментална константа, има вредност речиси еднаква на 1/137. Паули починал во таа соба на 15 декември 1958 година."By a 'cabalistic' coincidence, Wolfgang Pauli died in room 137 of the Red-Cross hospital at Zurich on 15 December 1958." - Of Mind and Spirit, Selected Essays of Charles Enz, Charles Paul Enz, World Scientific, 2009, ISBN 978-981-281-900-0, pg.95.

Поврзано Список на австриски научници Список на евреи добитници на Нобелова награда Список на швајцарски научници

Наводи

Надворешни врски

Wolfgang Pauli at the official Nobel Prize site Pauli bio at the University of St Andrews, Scotland Wolfgang Pauli bio at "Nobel Prize Winners" Wolfgang Pauli, Carl Jung and Marie-Louise von Franz Photos of Wolfgang Pauli at the Emilio Segrè Visual Archives, American Institute of Physics Virtual walk-through exhibition of the life and times of Pauli Annotated bibliography for Wolfgang Pauli from the Alsos Digital Library for Nuclear Issues Pauli Archives at CERN Document Server Virtual exhibition at ETH-Bibliothek, Zurich Key Participants: Wolfgang Pauli – Linus Pauling and the Nature of the Chemical Bond: A Documentary History

Категорија:Австриски Евреи Категорија:Австриски нобеловци Категорија:Австриски физичари Категорија:Еврејски научници Категорија:Еврејски физичари Категорија:Мистици Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Носители на медалот „Макс Планк“ Категорија:Квантни физичари Категорија:Швајцарски физичари Категорија:Термодинамичари Категорија:Теориски физичари Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Починати во Цирих Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Австроунгарски нобеловци Категорија:Швајцарски нобеловци Категорија:Носители на Лоренцовиот медал