Џон Ро Мјанг (англиски: John Ro Myung, корејски: 죤로뮹) е басист и основачки член на прогресивната метал група Dream Theater.

Роден на во Чикаго, Илиноис, од Корејски родители, Џон Мјанг пораснал во Лонг Ајленд, Њујорк. Тој свирел на виолина од неговата 5-годиншна возраст сè додека не го замолиле да свири бас за еден локален бенд на 15-годишна возраст. Оттогаш останал со својот бас, и по матурирањето тој се запишал на музичкиот универзитет Беркли, каде што тој и неговиот другар од средно училиште Џон Петручи (гитара) го сретнале идниот член на нивната група Мајк Портној (тапани). Тие тројцата ја формирале групата Majesty заедно со друг другар од средно училиште, клавијатуристот Кевин Мур, и вокалистот Крис Колинс. Тие подоцна станале познати како Dream Theater.

Надворешни врски Официјално мрежно место на Џон Мјанг Официјално мрежно место на Dream Theater

М М Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на колеџот за музика „Беркли“