Црква Св. Никола — археолошко наоѓалиште во прилепското село Вранче. Претставува осамен наод од римско време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во селската црква „Св. Никола“.
Опис
Пред влезот во црквата, од западната страна се наоѓаат повеќе антички споменици од мермер, и тоа надгробни стели, делови од стебла на столбови и друго.
Поврзано Аџина Бара — населба римско време и среден век; Горна Корија — населба и некропола од доцноантичко време; Длабока Бара — населба од доцноантичко време; Русоица — населба од доцноантичко време; Стари Лозја — населба од бакарно и римско време; Тумба — населба од доцноантичко време; Вранче; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Вранче