Беи Дао (, „Северен остров“; р. 2 август 1949) — псевдоним на кинескиот поет Џао Џенкаи (), најистакнат претставник на поетската група „загадочни поети“ () чие творештво претставува реакција на ограничувачкиот карактер на Културната револуција.poets.org: Bei Dao. Academy of American Poets. 13 мај 2008.Stanford profile Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

Живот и творештво Роден е во Пекинг. Го избрал псевдонимот Беи Дао (северен остров) бидејќи бил од северот на земјата и бидејќи претпочитал самотнички живот (т.е. осамено како остров).Books and Writers: Bei Dao. Amazon.com. 13 мај 2008 <http://www.kirjasto.sci.fi/beidao.htm >. Во младинските години, Беи Дао членувал во Црвена гарда која со ентузијазам ги следела и наметнувала учењата на Мао Це Тунг и начелата на Културната револуција, често по насилен пат. Меѓутоа, во него се јавувале сомнежи за исправноста на оваа идеологија, па бил испратен на преобразование и од 1969 до 1980 г. работел како градежник. Во 1978 г. заедно со Манг Ке го основал списанието ЃинтјенЃинтјен („Денес“) како книжевно гласило на „загадочните поети“, но истото во 1980 г. било забрането. Делата на овој поетски кружок претставувале инспирација за продемократските движења во Кина, особено песната Одговор (), напишана за време на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен во 1976 г. каде Беи Дао зел учество. Песната доживела популарност како химна на протестното движење за демократија и била печатена на плакати кои се лепеле воочи Тјенанменските протести во 1989 г.. За време на самите протести и подоцнежните стрелања, Беи Дао бил на книжевен собир во Берлин и добил забрана за влез во Кина, која траела сè до 2006 г. Во прогонство се протерани и тројцата други писатели од групата „загадочни поети“ — Гу Ченг, Дуо Дуо и Ланг Љен. На неговото семјество не му било дозволено да излезе од земјата за да му се придружи уште дополнителни шест години. мини|десно|Беи Дао со сирискиот поет Адонис во Краков, 2011 г.

Почнувајќи од 1987 г. Беи Дао работел како професор во Англија, Германија, Норвешка, Шведска, Данска, Холандија, Франција и САД. Делата му се преведени на преку 25 јазици, вклучувајќи пет книги на англискиОтклучување (2000), Пејзаж над нулата (1996), Форми на оддалеченост (1994), Стар снег (1992), Августовски месечар (1990) и збирката рсаскази Бранови (1990) and the essay collections Сина куќа (2000) and Полноќна порта (2005). Продолжил да твори во странсто, а еговите дела се објавени во антологии на современата кнеска поезија.

Во 1990 г. во Стокхолм го возобновил списанието Ѓинтјен како книжевно гласило на иселените кинески писатели. Предавал и посетувал разни универзитети како Нотрдамскиот универзитет во Индијана, Алабамскиот универзитет во Таскалуса и Белојтскиот колеџ во Висконсин. Работи и како професор по општествени науки во Центарот за источноазиски студии при Кинескиот универзитет во Хонгконг. Повеќепати е предлаган за Нобеловата награда за литература.Stanford lectures}

Награди Беи Дао има освоено голе број награди, меѓу кои наградата „Тухолски“ од шведскиот ПЕН, меѓународната поетска награда „Аргана“ од Домот на поезијата во Мароко и Наградата на ПЕН/Барбара Голдсмит за слобода на пишување. Назначен е и за почесен член на Американската академија на уметностите и книжевноста.

Во 2015 г. го добил престижниот Златен венец на Струшките вечери на поезијата.

Дела Стихозбирки Августовски месечар (, 1990) Стар снег (, 1991) Форми на оддалеченост (, 1994) Пејзаж над нулата (, 1996) Отклучување (, 2000) На работ на небото: Песни 1991-1996 (, 2001) — збирка на сите дела од Форми на оддалеченост и Пејзаж над нулата Роза на времето: Нови и избрани песни (, 2010)

Збирки раскази Бранови (, 1990) Сина куќа (, 2000)

Есеи и репортажи

Збирки

Наводи

Надворешни врски

Животот и творешвото на Беи Дао — СВП Дела од Беи Дао во македонските библиотеки — Заемна база на податоци: COBIB.MK Профил на Poets.org

Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Кинески поети Категорија:Кинески писатели Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Луѓе од Пекинг Категорија:Живи луѓе