Козета и Гаврош е книга од францускиот писател Виктор Иго. Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатие „Македонска книга“ од Скопје во 1970 година, во превод на Борис Благоевски („Козета“) и Славко Даскалов („Гаврош“).

Технички податоци Книгата има 149 страници и не е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ ниту пак го поседува меѓународниот број ISBN број 978-608-65193-4-6. Јазичното уредување на текстот е дело на Евтим Манев, технички уредник е Коста Бојаџиевски, нацртот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Александар Каевски, а коректурата ја извршиле Вера Арсова и Катерина Тошева. Книгата е испечатена во печатницата „Нова Македонија“ од Скопје, во 10.000 примероци.Виктор Иго, Козета и Гаврош, Скопје: Македонска книга, 1970.

Содржина Книгата „Козета и Гаврош“, всушност, претставува извадок од романот „Клетници“ на Иго. Книгата е поделена на два дела: „Козета“ и „Гаврош“. На крајот од книгата се наоѓа куса белешка за писателот, која не е потпишана.

Козета Во „Козета“ се содржат следниве поглавја:Виктор Иго, Козета и Гаврош, Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 7-88. Средба на две мајки Чучулига Мајка ѝ на Козета Прашањето за вода во Монфермеј Виното треба за луѓе, а водата за коњи Куклата на Козета Сама в шума Козета и непознатиот Сиромав или богат Тенардие на дело Кој бара многу... Среќата на Козета.

Гаврош „Гаврош“ ги содржи следниве поглавја:Виктор Иго, Козета и Гаврош, Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 91-144.

Париските гамени Гаврош со други момченца Во слонот Гаврош оди да се бори Гаврош е таму каде што се градат барикади Ноќна барикадата Јуриш Малиот јунак

Наводи

Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Детска книжевност Категорија:Дела на Виктор Иго