Диме Спасов ( во Скопје) — македонски политичар и министер за труд и социјална политика во периодот 2013–2015.

Животопис Роден е на 7 мај 1985 година во Скопје, оженет со Бојана и татко е на едно дете, Лука. По професија е дипломиран правник, а високо образование стекнал на Правниот факултет „Јустинијан I“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Тој бил магистрант по деловно право.

Кариера Во периодот од 2006 до 2009 година, тој работел како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. Од 2009 до 2010 година, тој ја извршувал функцијата заменик директор на АДСДП - подрачна единица Скопје.

Во 2010 и 2011 година, тој бил директор на Агенцијата за млади и спорт. Во 2011 година, Владата на Република Македонија го назначила за државен секретар во министерството за правда на Република Македонија и оваа функција ја извршувал до 2012 година. Од декември 2012 до мај 2013 година, тој бил помошник на директорот на Агенција за катастар на недвижности - Центар за катастар на недвижности Скопје.

На 29 мај 2013 година во Скопје, Република Македонија, тој стапил на функцијата министер за труд и социјална политика. Оваа функција ја изршувал сè до ноември 2015 година, кога бил именуван за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика. Во мај 2016 година, Собранието на Република Македонија повторно го именувала за министер за труд и социјална политика, а од септември 2016 година по вторпат стапил на функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика.

Политичка активност Диме Спасов е активен член на ВМРО-ДПМНЕ. Од февруари 2011 до октомври 2013 година, тој ја извршувал функцијата претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ. На вонредните парламентарни избори во 2014 година, тој бил кандидат за пратеник во Собранието на Македонија од првата изборна единица, чиј мандат бил верификуван во мај 2014 година.

Во јуни 2014 година, тој бил повторно избран за министер за труд и социјална политика во Владата на Никола Груевски. Врз основа на одредбите од склучениот договор меѓу најрелевантните политички чинители во јуни и јули 2015 година, тој бил назначен за дополнителен заменик министер.

Наводи

Надворешни врски Профил на Спасов на мрежното место на Владата на РМ Профил на Спасов на мрежното место на МТСП Службена Фејсбук фан-страница на Диме Спасов

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Министри за труд и социјална политика на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Македонски министри Категорија:Македонски правници Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје