Дејвид Морис Ли ( ) — американски физичар кој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1996 со Даглас Ошероф и Роберт Колман Ричардсон „за откривањето на супертечноста на хелиумот-3“.

Животопис Личен живот Ли се родил и израснал во Рие, Њујорк.Biography on the Nobel Foundation website Неговите родители, Анет, професорка, и Марвин Ли, електротехничар, биле деца на еврејски емигранти од Англија и Литванија. Тој дипломирал во Харвардскиот универзитет во 1952 а потоа се придружил на армијата на САД, 22 месеци. По ослободување од армијата, тој магистрирал во Конектикатскиот универзитет. Во 1955 Ли се зачленил во програмот за докторат во Јеилскиот универзитет каде работел под надзор на Хенри Феарбанк во нискотемпературна физичка група, изведувајќи експериментални истражувања на течниот 3He.

По дипломирањето во Јеил во 1959, Ли се вработил во Корнелскиот универзитет, каде бил одговорен за поставување на новата лабораторија за атомска физика и физика на цврта агрегатна состојба. Набрзо по доаѓањето во Корнел тој ја запознал неговата идна жена, Дана, тогаш докторант во друг оддел, а заедно имале два сина.

Ли ја преместил неговата лабораторија од Корнел во Тексаскиот универзитет на 16 ноември 2009.http://media.www.thebatt.com/media/storage/paper657/news/2009/10/01/News/Nobel.Prize.Winner.Joins.Am.Faculty-3788924.shtmlhttp://www.chron.com/disp/story.mpl/hotstories/6643911.html

Работа Работата која му ја донела Нобеловата награда на Ли била изведена во раните 1970-ти. Ли, заедно со Роберт Колман Ричардсон и дипломиран студент, Даглас Ошероф, употребил померанчукова ќелија за да го испита однесувањето на 3He на температури од неколку илјади степени на апсолутна нула. Тие откриле неочекувани ефекти во нивните мерења, кои тие ги објасниле како фазни транзиции на суперфлуидна фаза на 3He. Ли, Ричардсон и Ошероф биле заеднички наградени со Нобеловата награда за физика во 1996 за нивното откритие.

Истражувањето на Ли исто така покрило голем број на други теми на нискотемпературната физика, особено во врска со течниот, цврстиот и супертечниот хелиум (4He, 3He и мешавина од двете). Особени откритија се антиферомагнетниот распоред во цврстиот хелиум-3, јадрени спинови бранови во синов поларизиран атомски водороден гас со Џек Х. Фрид, и тројната критична точка на фазната крива поделба на течниот 4He-3He, во соработка со неговиот колега од Корнел, Џон Репи. Неговата поранешна истражна група во Корнел моментално проучува нечисти хелиумски цврсти материи.

Како Нобеловата награда, така и други добиени наради се Сер Френсис Симоновата спомен награда на Британскиот институт за физика во 1976 и Оливер Баклиевата награда на Американското друштво на физичари во 1981 заедно со Даглас Ошероф и Роберт Ричардсон за нивната работа на супертечниот 3He.

Ли е член на Националната академија на науките на САД и Академијата на науките и уметностите на САД.

Ли моментално предава физика во Тексаскиот универзитет и воедно продолжува со неговиот (поранешен Корнел основан) истражен програм.

Поврзано Список на еврејски нобеловци Временски тек на нискотемпературната технологија

Наводи

Надворешни врски Photograph, Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy Faculty page at Cornell

Категорија:Еврејски физичари Категорија:Американски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски нобеловци Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Апсолвенти на Јејл Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Живи луѓе